Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

Историјат


Штип со најблиската околина, своето богато културно-историско минато го започнува уште во времињата на човековата историја. Регистрираните населби од неолитот, енеолитот, бронзенодопскиот, железнодопскиот, хеленистичкиот, преку римскиот, доцноантичкиот и средновековниот период, па се до денес, зборуваат за континуитетот на живеење на потесниот и поширокиот простор на брегалничкиот регион. Урбаната градска населба во минатото ги опфаќала источните падини на ридот Исар и локациите Стар Конак, Тузлија и Горно Маало. Средновековниот град Штип никнува врз урнатините на античкиот Астибо и рановизантискиот Стипеон. Денес, видливите остатоци од античкиот и средновековниот град преставуваат нем сведок за бурната дваесевековна историја на градот Штип, кој низ вековите се развивал, опстојувал, пропаѓал и повторно никнувал на едно исто место.

Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија почнува со донесувањето на Одлуката на второто заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година, за формирање на судски органи и поверенство за судство како и судски оддели при народноослободителните одбори и нивните задачи. На 20 октомври 1944 година е донесено решение на президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека до целосното уредување на правосудството во Македонија, судењата ке се вршат во рамките на народноослободителните одбори. За разлика од револуционерните судови – судовите на партизанските одреди, во овој период се јавуаат специфичен вид на правосудни органи, хибриден вид на правосудни органи кои иако формирани од НОВ на Македонија, сепак се карактеристични по две нешта и тоа, прв пат станува збор за правосудни органи засновани со акт на законодавно тело, и органи кои се одвоени од воената структура доминантна како таква во сите сфери на живеењето во тој период. Секој од овие судски оддели бил составен од прочелници, секретар и неопходен персонал. Судењата ги спроведувал совет од пет члена избрани од територијата на округот. Судиите во советот многу често немале соодветно образование, но по правило, секретарот на секој судски одбор бил правник, именуван од Президиумот на АСНОМ.

Делокругот на работа на овие судови сообразувал со времето во кое се формирани па така најголемиот број од случаите што ги решавале биле поврзани со казнување на сторителите на разни злосторства против народот, казнување на шпионите и соработниците на окупаторот, нарушување на воената дисциплина во редовите на НОВ како и зачувување на придобивките на револуцијата, а многу поретко заштитата на имотот на граганите и нивните мегусебни спорови.
Судовите во Република Македонија меѓу кои и Основниот суд Штип се основани со Повелба на Презедиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година.
Судот во Штип во текот на историјата, најпрво се наогал во центарот на градот позади „куката на Стрмбови„ денес позади хотелот „Гарни„. Во еден период судот се наогал и во близина на камениот мост до „Леблебиџиското маало„ во центарот на градот. Дел од судот се наогал и во зградата на плоштадот „Слобода„.
Судската зграда каде се наога денешниот суд е градена во периодот околу 1960 година, со што просторните проблеми на судот, предизвикани од зголемените надлежност, број на предмети и персонал, биле надминати. Подоцна околу 1980 та година е дограден уште еден дел на Основниот суд Штип при што во тој објект биле сместени Општинскиот суд Штип, Окружниот суд Штип и други правосудни органи од градот.

Грижата за судските објекти е присутна постојано, со особено внимание од сите вработени во судот па денес ова е еден од најубавите судови во Македонија.

По осамостојувањето на Република Македонија и по формирањето на независна и самостојна држава, донесен е нов закон за уредување на судовите со назив „Закон за судови“ службен весник бр.36/95 на Р.Македонија од 27.07.1995 и исправка на овој закон од 27.09.1995 објавена во службен весник бр.45/95. Со овој закон Општинскиот суд во Штип и Општинскиот суд за прекршоци и судот на здружен труд се споени и е настанат еден суд со назив Основен суд Штип.

Денес во истата зградата се наогаат Основниот суд Штип и Апелациониот суд Штип, Основното обвинителство, Вишото обвинителство, и Јавното правобранителство на РМ. Судот во 2003 ја почна соработката со Проектот за модернизација на судството во Македонија од која, имаше одлични резултати на повеке полиња а компонентата подобрување на судски капацитети значително ја подобри инфраструктурата во судот.

На 24.11.2004 свечено отварање имаше на новите простории на судот. Претседателот на судот Миланчо Рамбабов заедно со заменик директорот на УСАИД Алфреда Бруер ја отворија новата реновирана писарница на судот и двете нови и модерни судници со современ алармен уред во нив. Покасно во текот на соработката со Проектот судот опреми простор во која е сместена судската библиотека.

...
...
Сметки на Основен суд Штип

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести