Посета и работен состанок на Претседателката на Врховниот суд [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Посета и работен состанок на Претседателката на Врховниот суд

Новости, Соопштенија за јавност  |  19.4.2024

     Во рамки на посетата на Основниот суд Штип, на која се разгледуваа повеќе прашања од значење за работата на судот и судството, Претседателката Беса Адеми оствари средба со Претседателот на Основниот суд Штип судијата Ацо Тасев.

     Претседателката на Врховниот суд со претседателот на Основниот суд Штип разговараше за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат судовите, потребата од кадровско екипирање и зголемување на буџетот за судовите и на судството во согласност со начелото за финансиска независност, нотираните проблеми во извештаите за работата на судовите со посебен фокус на ефикасноста, состојбата на судските згради и обезбедениот пристап за граѓаните и странките, транспарентноста согласно заложбите на Советот за отворено судство, потребата од интензивирање на средбите и состаноците за унапредување на судската практика, постапувањето со архивскиот материјал и за примената на информатичката технологија во судовите.

     На работниот состанок при посетата беше заклучено дека потребна е континуирана и засилена меѓусебна соработка и дека Врховниот суд како највисок суд во државата и во идниот период ќе дава поддршка на заложбите за унапредено судство и на активностите кои се засноваат на начелото на владеењето на правото и независност на судството, од законодавен, функционален и финансиски аспект.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_