Соопштение за јавноста
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавноста
На ден 23.09.2020 година во работна посета на ОС Штип беа судија Др.Рајнер Девил, тим-лидер на проектот за Поддршка на реформите во правосудниот сектор, во рамките на ИПА програмата на ЕУ, и Мр-инг.ел.Миодраг Перишиќ, ИКТ-експерт при проектот. Истите од страна на претседателот на судот, судија Ѓорѓи Андонов, и судскиот администратор, Лепа Донева, беа запознаени со работата, условите и капацитетите на судот, како и со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат судот и вработените при извршување на работниот процес, особено во услови на пандемија. Беше разговарано и за можностите за дигитализација на процесите и капацитетите за таа цел, со што значително би се зголемила ефикасноста во постапувањето, а би се задоволила и потребата од економичност, поради што беа разгледани можностите за идна соработка.
Основен суд Штип