Соопштение во врска со предметот ПЛПОВ 3/21 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение во врска со предметот ПЛПОВ 3/21

Новости, Соопштенија за јавност  |  23.12.2021

Поради зголемен интерес на јавноста Основен суд Штип го објавува следното соопштение во врска со одржаното рочиште во постапката по предметот ПЛПОВ 3/21:

    На ден 23.12.2021 година во 10.00 часот во Основен суд Штип се одржа рочиште по предметот ПЛПОВ 3/21 поведена по Предлог на Подружница на странско трговско друштво Интраком Констракшнс Аноним Текникал Енд Стил Констракшнс – Подружница Скопје за повторување на постапката по предметот ПЛ-ТС 1/20, во која е издаден судски платен налог за наплата на долг по тужба со предлог за издавање на судски платен налог на противникот Градежно трговско друштво Бетон – Штип Акционерско друштво Штип.
    На одржаното рочиште, предлагачот побара судот да донесе одлука согласно упатствата дадени во Решението на Врховен суд Скопје РЕВ1 бр.116/2021 од 23.09.2021 година.
    Противникот приговараше на предлогот и предложеното графолошко вештачење, предложи повторно изведување на веќе изведените докази, како и на предложените нови докази.
    Во однос на приговорот на предложениот доказ-предложеното графолошко вештачење судот ќе донесе одлука дополнително, со тоа што е потребно да се расчисти прашањето за валидноста на предложеното графолошко вештачење, имајќи ги во предвид ставовите и заклучоците на Апелационите судови, и закажа ново рочиште за ден 04.02.2022 година во 10.00 часот, на кое ќе продолжи постапката.

 

                                                                                                                              Основен суд Штип

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_