Соопштение во врска со предметот ПЛПОВ 3/21
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение во врска со предметот ПЛПОВ 3/21
Поради зголемен интерес на јавноста Основен суд Штип го објавува следното соопштение во врска со одржаното рочиште во постапката по предметот ПЛПОВ 3/21:
На ден 23.12.2021 година во 10.00 часот во Основен суд Штип се одржа рочиште по предметот ПЛПОВ 3/21 поведена по Предлог на Подружница на странско трговско друштво Интраком Констракшнс Аноним Текникал Енд Стил Констракшнс – Подружница Скопје за повторување на постапката по предметот ПЛ-ТС 1/20, во која е издаден судски платен налог за наплата на долг по тужба со предлог за издавање на судски платен налог на противникот Градежно трговско друштво Бетон – Штип Акционерско друштво Штип.
На одржаното рочиште, предлагачот побара судот да донесе одлука согласно упатствата дадени во Решението на Врховен суд Скопје РЕВ1 бр.116/2021 од 23.09.2021 година.
Противникот приговараше на предлогот и предложеното графолошко вештачење, предложи повторно изведување на веќе изведените докази, како и на предложените нови докази.
Во однос на приговорот на предложениот доказ-предложеното графолошко вештачење судот ќе донесе одлука дополнително, со тоа што е потребно да се расчисти прашањето за валидноста на предложеното графолошко вештачење, имајќи ги во предвид ставовите и заклучоците на Апелационите судови, и закажа ново рочиште за ден 04.02.2022 година во 10.00 часот, на кое ќе продолжи постапката.
Основен суд Штип