Известување за посета на ОС Штип на амбасадорката на САД, г-ѓа Кејт Брнз [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Известување за посета на ОС Штип на амбасадорката на САД, г-ѓа Кејт Брнз

Новости, Соопштенија за јавност  |  21.12.2021

            На ден 17.12.2021 година во посета на Основен суд Штип беше амбасадорката на САД во РСМ, госпоѓата Кејт Брнз, која во рамките на посетата имаше средба со претседателот на ОС Штип, судијата Ѓорѓи Андонов.

            На средбата претседателот на судот истакна благодарност за континуираната поддршка и помош која Владата на САД и Амбасадата на САД во РСМ ја даваат на судството во РСМ, по што ја запозна амбасадорката со работата и условите на судот. Беше потенцирано дека во услови на пандемија и зголемен прилив на предмети судот успешно и ефикасно се справува со обемот на работата, надминувајќи ги предизвиците. На средбата се опфатија и повеќе теми од значење за судот и за судството во РСМ, при што се истакна поддршка на процесот на дигитализација како клучен за подобрување на квалитетот и ефикасноста на судството како и на напорите за подобрување на транспарентноста во судството.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_