СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Новости  |  20.10.2021
Заради интерес на јавноста...

Заради интерес на јавноста, Основен суд Штип го дава следното соопштение:

На ден 20.10.2021 година во ОС Штип се одржа рочиште за главна расправа по предметот К.бр.118/21, по обвинителен предлог на ОЈО Штип против управителот на правно лице за сторено кривично дело „Загадување на животната средина и природата“ од чл.218 ст.4 в.в. ст.1 од КЗ и правно лице за сторено кривично дело по чл.218 ст.6 в.в. ст.1 од КЗ, за настан случен на ден 23.06.2020 година во кругот на правното лице, лоциран во Штип, кога од небрежност можело да се предизвика значително оштетување на квалитетот на водата на реката Брегалница, и не се превзеле мерки за заштита, поради што дошло до истекување на течна хемикалија и големо количество на биолошки неразградиви супстанци преку одводен канал, кое довело до заматување на водата на реката.

На одржаното рочиште, одбраната на обвинетиот – управителот достави медицинска документација, со која образложи дека обвинетиот не е во состојба да присуствува и побара одложување на рочиштето. Во присуство на јавниот обвинител, бранител и претставник на обвинетото правно лице, судот го уважи барањето и го одложи рочиштето за ден 17.01.2020 година во 10.00 часот

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_