25-ти Октомври - Европски ден за граѓанска правда одбележан во Основен суд Штип [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

25-ти Октомври - Европски ден за граѓанска правда одбележан во Основен суд Штип

Новости, Соопштенија за јавност  |  27.10.2022

       Во 2003 година, Советот на Европа донесе одлука 25 октомври да се одбележува како Европски ден за граѓанска правда. Целта за неговото одбележување е доближување на правдата до граѓаните и запознавање на граѓаните со нејзиното спроведување, промовирајќи ја работата на Советот на Европа и Европската комисија на полето на правдата, преку симулација на судења и информативни средби. Овој ден е отворен за сите граѓани на Европа, студенти и сите што работат на полето на правдата.

       За таа цел, овој ден во Основен суд Штип се одбележа со организирање на посета на студенти од Правниот факултет од УГД Штип. Студентите имаа можност да се запознаат поблиску со работата на судот преку излагања на Претседателот на судот, судијата Ѓорѓи Андонов и лицето задолжено за односи со јавноста и портпарол на судот, стручниот соработник Катерина Ѓуркова, како и со посета и со запознавање на работата на приемно одделение каде се примаат писмените поднесоци и се оформуваат предметите и нивното постапување од страна на уписничарите. Студентите имаа можност да слушнат и усмена елаборација за две одржани граѓански процеси од страна на судечки судија, а водено остварија и присуство на судски процес од областа на кривичното право.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_