Соопштение за јавноста за донесено Решение за притвор [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавноста за донесено Решение за притвор

Statements, Press realeses  |  Apr 3, 2020

Соопштение за јавноста за донесено Решение за притвор

Поради зголемениот интерес на јавноста за настан кој на ден 02.04.2020 година преку видео-снимка е објавен на интернет и споделен на електронски портали и социјални мрежи, Основниот суд во Штип ја известува јавноста дека на ден 03.04.2020 година, Основното јавно обвинителство во Штип до ОС Штип поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничените П.Р. (роден 1997 година) и С.А. (роден 1994 година), двајцата од Штип, за кои во ОЈО Штип се води преткривична постапка по поднесена кривична пријава од страна на МВР СВР Штип од 02.04.2020 година, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „Насилство“ од чл.386 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор во траење од 6 (шест) месеци до 5 (пет) години.

Предлогот за определување мерка притвор е поднесен согласно чл.470 ст.1 т.2 од Законот за кривична постапка - бидејки во прашање е кривично дело против јавниот ред и моралот, а постојат особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека осомничените ќе го повторат кривичното дело или дека ќе извршат кривично дело со кое се закануваат.

Постапувајќи по поднесениот предлог за определување на притвор, на ден 03.04.2020 година, судијата на претходна постапка на ОС Штип ги испита јавниот обвинител, осомничените и нивниот бранител поставен по службена должност на околности од значење за одлучување по предлогот за определување на мерката притвор, по што донесе решение со кое го уважи предлогот на ОЈО Штип и на двајцата осомничени, поради постоење на основи на сомнение за сторување на наведеното кривично дело, им определи мерка притвор во траење од по 8 (осум) дена, согласно чл.470 ст.1 т.2 од Законот за кривична постапка, која мерка притвор ќе се извршува во КПУ Затвор Куманово.

            Со таквото решение е одлучено согласно чл.470 ст.3 од ЗКП, каде е пропишано дека пред поднесување на обвинителен предлог за вакви кривични дела – за кои како главна казна е пропишана парична казна или казна затвор до пет години и е предвидена скратена постапка, притворот не може да трае подолго од осум дена.

Против ова решение на судијата на претходна постапка дозволена е жалба во рок од 24 часа по приемот на истото преку судијата на претходна постапка до кривичниот совет на ОС Штип од чл.25 ст.5 од ЗКП.

Жалбата не го задржува извршувањето на решението.

 

ОС Штип, 03.04.2020 година

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_