ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/22 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/22

Новости  |  30.12.2022
ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/22

Република Северна Македонија

ОСНОВЕН СУД

СУ.бр.500/22

29.12.2022 год.

ШТИП

 

           

Врз основа на чл.20 и чл.25 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14, 98/15, 6/16, 198/18 и 235/22) и чл.2 од Правилник за формата и содржината на јавниот оглас (Сл.весник бр.236/18),  Основниот суд во Штип  објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/22

за вработување на 3 ( три)  судски службеници на неопределено работно време

на работни места

 

  1.  Советник - информатичар, категорија B – ниво B1, 1 ( еден) извршител

 

2.   Помлад судски референт – извршител во писарница, категорија Г, ниво Г4,

2 (два) извршители

 

            I. Кандидатите треба да ги исполнуваaт општите услови за прием на судски службеници и тоа:

            - да е државјанин на РМ,

            - активно да го користи македонскиот јазик

            - да е полнолетен,

            - да има општа здравствена способност за работното место и

            - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна  за  забрана на  вршење професија, дејност или должност.

 

            II. Посебни услови кои треба да ги исполнуват кандидатите предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Основниот суд во Штип се:

 

            За работното место под ред.бр.1:

  • најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен факултет од областа на информатиката,
  • најмалку 3 години работно искуство во струката

-  активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и

активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Нето плата;32.912,00 денари

 

            За работно место под ред,бр.2:

  • најмалку више или средно образование
  • со или без работно искуство во струката и

             -  активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и

             -   активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

          Нето плата: 18.736,00 денари                                                                                                    

III. Кандидатите поднесуваат пријава за вработување на судски службеник по пошта или преку архивата на судот (на адреса:Основен суд Штип, Комисија за избор на судски службеници (со назнака за оглас 1/22), ул. Ген. Михајло Апостолски бр.18 Штип (образецот на пријавата може да се симне од веб страната на судот www.osstip.mk)

            Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници Слободен печат и Лајм.

Пријавата да биде пополнета во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Кон пријавата кандидатот задолжително ги доставува следните докази:

  • Уверение за државјанство
  • Уверение /диплома за завршен степен на образование
  • Диплома, сертификат или уверение за познавање  на комјутерски програми за канцелариско работење
  • Лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда не е изречена казна забрана за вршење професија дејсност и должност

-     Потврда за работно искуство во струката.

Активно познавање  на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија( англиски, француски и германски) кандидатите за судски службеници ќе го докажуваат со полагање на испит за судски службеник.

Кон пријавата кандидатот може да достави :

  • Извод од историјат на претходни вработувања, доколку кандидатот бил претходно вработен издаден од Агенција за вработување,
  • Препораки од претходни работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува
  • Потврда за волонтерски стаж во институции на јавен сектор издадена од волонтерски регистар на Министерство за труд и социјална политика
  • Потврди за посетувани обуки

            IV. Кандидатите кои се уредно пријавени на јавниот оглас и кои ќе ја поминат административната селекција ќе полагаат испит, кој се состои од стручен дел и дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европска унија (анлиски, француски и германски). Базата на прашања за полагање на испитот може да се симне од веб страната на судот.

            Со кандидатите кои го положат испитот ќе се спроведе усно интервју. На интервјуто ќе учествуваат најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапка за селекција за вработување, а кои биле најдобро рангирани.     

            Времето и датумот на одржување на административна селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на интернет страницата на судот.

 

                                                                                                              Претседател на ОС Штип,

                                                                                                                      Ѓорѓи Андонов

 

Пријавата може да ја превземете од тука.

Прашањата за вработување на судски службеник може да ги превземете од тука.                                                                                                    

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_