ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/23 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/23 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

Новости  |  18.12.2023

Република Северна Македонија

ОСНОВЕН СУД Штип

СУ-04 бр.135/23

18.12.2023 година

Штип

 

Основен суд Штип врз основа на чл. 20,  чл.39 , чл. 40 став 1  и 2  од Законот за судска служба („Сл.весник на РСМ” бр. 43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/19, 248/2018 и 235/22), согласност од Министерство за финансии бр.18-11931/2 од 05.12.2023 година, Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РСМ“ бр.275/2020) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Штип (Пречистен текст) Су бр.863/18 од 14.12.2018 година, на ден 18.12.2023 год. објавува:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/23

ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ 

 

Се објавува интерен оглас за унапредување на судски службеници за работно место:

  1. Судски советник, кат.B, ниво В1, 7 (седум) извршители, шифра на раб. место     СУД0101В01002
  2. Самостоен судски референт – прием и експедиција на пошта,

кат. Г, ниво Г1, 1 ( еден)  извршител, шифра на работно место СУД0101Г01001

 

  1. Самостоен судски референтводител на уписник, кат. Г, ниво Г1, 4(четири) извршители, шифра на работното место СУД0101Г01001

 

 

            Кандидатите треба да ги исполнуваат следните ПОСЕБНИ УСЛОВИ:

 

За работното место под ред.бр.1

            - најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII1 степен, Правен факултет и положен правосуден испит

            - најмалку 3 години работно искуство во струката и

            - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски)

            - активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење.

Работни часови 40 часа неделно.

Нето плата 38.504,00 денари

 

За работното место под ред.бр.2 и ред.бр.3

            - најмалку више или средно образование,

            - најмалку 3 години работно искуство во струката

            - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски)

            - активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење.

Работни часови 40 часа неделно.

Нето плата 26.581,00 денари,

 

            На интерниот оглас може да се пријават судски службеници вработени во Основен суд Штип кои ги исполнуваат посебните услови, како и следните услови:

            - да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување,

             - да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

            - да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и

             - да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Кон пријавата кандидатите да приложат докази

  • Уврение за завршено образование,
  • Доказ за работно искуство
  • Доказ за познавање на јазик (англиски, француски или германски)
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Кон пријавата кандидатите може да ги приложат и следните докази:

            - потврди за успешно реализирани обуки (не постари од 5 год,) и/или

            - потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран судски службеник - не постари од 5 год.)

            Рок за пријавување на огласот изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

            Кандидатите пополнетата пријава со доказите за податоците содржани во пријавата, во хартиена форма ја доставуваат во приемната писарница на Основен суд Штип со назнака „за Интерен оглас 1/23“.

            Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

            Ненавремена, нецелосна и неуредна пријава, како и пријава во која кандидатот внел лажни податоци нема да се разгледува и кандидатот ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка.

 

                                                                                                        Претседател на ОС Штип,

                                                                                                                   Ацо Тасев

 

Пријавата за интерен оглас може да ја превземете од тука.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_