Соопштение за јавноста [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавноста

Новости  |  29.1.2020
Основниот суд Штип ја известува јавноста дека стечајниот судија донесе ...

      Основниот суд Штип ја известува јавноста дека стечајниот судија донесе Решение СТ.бр.10/19 од 29.01.2020 година, со кое стечајниот управник именуван со решението за отворање на стечајна постапка е разрешен и за нов стечаен управник е именуван Живко Калков од Скопје.

      Стечајниот судија пред донесување на одлуката испита дали се исполнети законските претпоставки за именување на новиот стечаен управник, односно дали постојат законски ограничувања за негово именување. По добивањето на известувањето од 28.01.2020 година од Министерството за економија, согласно кое стечајниот управник Живко Калков од Скопје е на листата на стечајни управници на надлежниот Основен суд Штип, како и по доставувањето на изјавата од стечајниот управник Живко Калков од Скопје за непостоење на пречки во смисла на чл.22 од Законот за стечај за негово именување за стечаен управник, примена во судот на 28.01.2020 година, одлучи дека нема пречки Живко Калков од Скопје да биде именуван за нов стечаен управник на должникот Градежно трговско друштво БЕТОН-ШТИП АД Штип во стечај.

      Одлуката ја донесе стечајниот судија по одлуката на доверителите за сменување на стечајниот управик и именување на Живко Калков од Скопје за нов стечаен управник, донесена на првото извештајно собрание во отворената стечајна постапка над должникот Градежно трговско друштво БЕТОН-ШТИП АД Штип во стечај одржано на 23.01.2020 година.

 

      Со почит,

      Основен суд Штип

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_