Известување за средба со медиуми во ОС Штип
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Известување за средба со медиуми во ОС Штип
Известување за средба со медиуми во ОС Штип
Имајќи ги во предвид заложбите за зајакнување на принципите на транспарентност, отчетност и интегритет, на ден 23.02.2021 година, Претседателот на Основен суд Штип, судијата Ѓорѓи Андонов, заедно со судскиот администратор Лепа Донева и портпаролот на судот Катерина Миленкова Трајчева, одржа средба со претставници на локалните медиуми од ТВ Стар, ТВ Мнет и Канал 77, на која се разговараше за работата на Основен суд Штип, се презентираше годишниот извештај за 2020 година и се утврдија идни насоки за соработка со медиумите, а во насока на обезбедување на информации за јавноста. Од средбата произлезе и заклучок да во иднина брифингот за годишните извештаи пред медиуми биде пракса, како и Основен суд Штип да изгради алатки за информирање на медиумите преку веб страницата на Основен суд Штип за специфични теми (статистики, известување за предмети, кои се однесуваат на заштита на животната средина), кои се од интерес на јавноста.