Одбележан Денот на Правосудството во ОС Штип [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одбележан Денот на Правосудството во ОС Штип

Evenimente, Risi  |  3 Pri 2023

          На 31 март 1945 година се донесени Повелбата на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решението на АСНОМ за создавање Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со Повелбата се основани 25 околиски судови, 3 обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради ова, 31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите, односно поставување на темелите на судството во Република Северна Македонија.
          Петок, 31 март 2023 –  во Основен суд Штип се одбележа поставувањето на темелите на судството во Република Северна Македонија - Денот на правосудството, со надеж и желби за понатамошни развој на унапредување на правната мисла и владеење на правото. По тој повод беа доделени Благодарници на судии и вработени во судската служба во пензија за долгогодишна служба, истакнат професионализам и придонес во унапредувањето на судската работа.    

          Неприкосновеното функционирање на судството како носител на сегмент од власта кој се грижи за обезбедување и афирмација на правната сигурност, има круцијална улога во доследното почитување на принципот на владеење на правото и заштитата на индивидуалните и колективните слободи и права, што овозможува реализација и унапредување на високите цивилизациски и општо прифатени идеи и стандарди за демократија во општеството.

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_