Одлука за избор по ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/21 за унапредување на судски службеници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор по ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/21 за унапредување на судски службеници

News  |  Dec 30, 2021

Република Северна Македонија
ОСНОВЕН СУД
СУ-07.бр.25/21
29.12.2021 год.
ШТИП

        
    Судскиот администратор на Основен суд Штип, Лепа Донева, врз основа на чл.43 ст.1 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) по спроведената постапка по Интерен оглас бр.1/21, за унапредување на судски службеник, за работно место - Самостоен судски референт-технички секретар на претседателот, 1 (еден) извршител, по доставениот Предлог-одлука за избор на кандидат за унапредување Су.бр.508/2021-2 од 28.12.2021 година, на ден 29.12.2021 година, ја донесе следната

О  Д  Л  У  К  А


    За работно место Самостоен судски референт-технички секретар на претседателот, категорија Г, ниво Г1, 1 (еден) извршител,  се избира кандидатот:

1.    Катица Нацева со освоени 28,35 бода.
    
      За избраниот кандидат по конечноста на одлуката ќе се донесе решение за унапредување.

О б р а з л о ж е н и е

    
    Од страна на Основниот суд во Штип на веб страната на судот на ден 20.12.2021 год. објавен е Интерен оглас бр.1/21, за унапредување на судски службеник, за работно место Самостоен судски референт-технички секретар на претседателот, категорија Г, ниво Г1, 1(еден) извршител.
    Од страна на Комисијата за селекција за унапредување согласно чл.6 ст.4 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас доставена е Предлог-одлука за избор на кандидат за унапредување Су.бр.508/2021-2 од 28.12.2021 год.
    Со Предлог-одлука за избор  на кандидат за унапредување, Комисијата за селекција за унапредување го предложи кандидатот: Судскиот референт Катица Нацева, како најдобро рангиран кандидат на ранг листата во сите фази на селекција за унапредување за работното место - Самостоен судски референт-технички секретар на претседателот, категорија со ниво Г1.
    Судскиот администратор имајќи го во предвид Предлогот на Комисијата за селекција за унапредување Су.бр.508/2021-2 од 28.12.2021 година, за работното место Самостоен судски референт-технички секретар на претседателот, категорија со ниво Г1 го избра кандидатот Катица Нацева со освоени 28,35 бода.

 

    Поради наведеното, согласно чл.43 ст.1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.

 

                                             Судски администратор
                                                           Лепа Донева с.р.


ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука дозволена е жалба во рок од 8 дена до Советот на судска служба.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_