Промоција на прирачник „Практични искуства за далечински судења во Централна и Источна Европа“
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Промоција на прирачник „Практични искуства за далечински судења во Централна и Источна Европа“
На 04 март 2022 година во Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, во соработка со CELLI Институот од Прага, се одржа форум насловен „Далечинските судења во модерното правосудство – предизвици и можности“ на кој повеќе истакнати практичари и теоретичари дискутираа за идните предизвици на ова поле.
На настанот беше промовирана и неодамна објавената публикација на CELLI Институтот - прирачник „Практични искуства за далечински судења во Централна и Источна Европа“, кој што беше преведен и на македонски јазик. Публикацијата е изработена од експертска група судии и истакнати правници, предводена од професорката Рејчел Мареј од Универзитетот во Бристол, Велика Британија.
Член на експертската група која го изготви прирачникот беше и претседателот на Основен суд Штип, судија Ѓорѓи Андонов.
Публикацијата може да се погледне на следниов линк.