Јавен оглас бр.1/2019 за вработување на судски службеник [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.1/2019 за вработување на судски службеник

Новости  |  08.10.2019

           

            Врз основа на чл.20, чл.21 и чл.25 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14, 98/15, 6/16 и 198/18 и чл.2 од Правилник за формата и содржината на јавниот оглас (Сл.весник бр.236/18),  Основниот суд во Штип на ден 04.10.2019 год. објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/19

за вработување на судски службениk

 

На работно место извршител во писарница со звање виш судски референт, категорија Г – ниво Г2,   1 (еден) извршител, на неопределено работно време.

            I. Кандидатите треба да ги исполнуваaт општите услови за прием на судски службеници и тоа:

            - да е државјанин на РМ,

            - активно да го користи македонскиот јазик

            - да е полнолетен,

            - да има општа здравствена способност за работното место и

            - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна  за  забрана на  вршење професија, дејност или должност.

            II. Посебни услови кои треба да ги исполнуват кандидатите предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Основниот суд во Штип се:  

  • најмалку више или средно образование
  • најмалку 2 години работно искуство во струката и

             -  активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.      

III. Кандидатите поднесуваат пријава за вработување на судски службеник по пошта или преку архивата на судот (на адреса:Основен суд Штип, Комисија за избор на судски службеници (со назнака за оглас 1/19), ул. Ген. Михајло Апостолски бр.18 Штип (образецот на пријавата може да се симне од веб страната на судот www.osstip.mk )

            Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници Слободен печат и Лајм.

Пријавата да биде пополнета во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Кон пријавата кандидатот задолжително ги доставува следните докази:

  • Уверение за државјанство
  • Уверение /диплома за завршен степен на образование
  • Диплома, сертификат или уверение за познавање  на комјутерски програми за канцелариско работење
  • Лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда не е изречена казна забрана за вршење професија дејсност и должност
  • Потврда за работно искуство во струката.

Активно познавање  на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија( англиски, француски и германски) кандидатите за судски службеници ќе го докажуваат со полагање на испит за судски службеник.

Кон пријавата кандидатот може да достави :

  • Извод од историјат на претходни вработувања, доколку кандидатот бил претходно вработен издаден од Агенција за вработување,
  • Препораки од претходни работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува
  • Потврда за волонтерски стаж во институции на јавен сектор издадена од волонтерски регистар на Министерство за труд и социјална политика
  • Потврди за посетувани обуки

            IV. Кандидатите кои се уредно пријавени на јавниот оглас и кои ќе ја поминат административната селекција ќе полагаат испит, кој се состои од стручен дел и дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европска унија (анлиски, француски и германски) . Базата на прашања за полагање на испитот може да се симне од веб страната на судот.

            Со кандидатите кои го положат испитот ќе се спроведе усно интервју. На интервјуто ќе учествуваат најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапка за селекција за вработување, а кои биле најдобро рангирани.     

            Времето и датумот на одржување на административна селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на интернет страницата на судот.

 

                                                                                                                Основен суд Штип

 

Прашањата за вработување на судски службеници може да ги погледнете на следниот линк http://sud.mk/wps/portal/vsrm/sud/bl/linkovi/prasanja%20za%20vrabotuvanje%20na%20sudski%20sluzbenici.

Пријавата за вработување на судски службеници може да ја превземете од следниот линк.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_