Известување за доставување на поднесоците до Основен суд Штип
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Известување за доставување на поднесоците до Основен суд Штип
Новости, Соопштенија за јавност
|
18.3.2020
Известување за доставување на поднесоците до Основен суд Штип
Почитувани,
Врз основа на одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија - од 336 седница одржана на дена 17.03.2020 година, а поради новонастаната состојба со ширењето на вирусот КОВИД 19, Ве известуваме дека e потребно сите странки, доколку имаат технички услови за тоа, поднесоците (кои треба да се во форма и содржина пропишана со закон) до судот да ги доставуваат електронски преку системот за електронска достава или преку електронска пошта на следнава е-маил адреса: contact@osstip.mk
Со почит,
ОС Штип
Во прилог одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија - од 336 седница одржана на дена 17.03.2020 година