Регионална конференција на судии од кривичната област во Дубровник, Р.Хрватска
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Регионална конференција на судии од кривичната област во Дубровник, Р.Хрватска
Новости, Соопштенија за јавност
|
18.10.2022
Од 03 до 07 Октомври Претседателот на ОС Штип, судијата Ѓорѓи Андонов, учествуваше на Регионална конференција на судии од кривичната област во Дубровник, Хрватска, а во организација на Министерството за правда на САД, ОПДАТ Загреб.
На оваа конференција беа разгледани и опфатени повеќе теми од кривичната област, најдобрите практики и беа понудени решенија за некои спорни прашања во постапувањето. Учествуваа повеќе судии од Хрватска, Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија, БиХ и Црна Гора, како и експертот судија Кијо Матсумото од Њујорк , САД, а свое излагање и презентација имаше и судијата Андонов.