Известување за средба во АС Штип со министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Известување за средба во АС Штип со министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ

Новости  |  01.12.2020
На ден 30.11.2020 година во Апелациониот суд Штип се одржа средба...

На ден 30.11.2020 година во Апелациониот суд Штип се одржа средба помеѓу министерот за правда во Владата на РСМ, г-дин Бојан Маричиќ и в.д.претседателот на Апелациониот суд Штип, судијата Зоран Мицевски, претседателот на Основниот суд Штип, судијата Ѓорѓи Андонов и претседателот на Основниот суд Свети Николе, судијата Тодор Поп-Панев.

На истата конструктивно беше разговарано на повеќе актуелни теми од правосудството, вклучително и функционирањето на судовите во време на пандемијата, можноста за далечинско судење и потребата за целосна дигитализација на процесите во правосудството, зголемувањето на довербата во судството, како и идните проекти и планирани измени и дополнувања на закони од областа на правосудството.

Претседателот на ОС Штип, судијата Ѓорѓи Андонов, го запозна министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ со функционирањето на ОС Штип во време на пандемија и отежнати услови за работа, потенцирајќи дека судот редовно и ажурно ги извршува своите функции и работни обврски без застој, како и со сите мерки преземени со цел заштита на здравјето и животите на сите во судот од заразната болест КОВИД-19. Беше потенцирана потребата од техничко и просторно доопремување на судот со цел уште поуспешно справување со предизвиците од пандемијата заради ефикасно и економично работење, а во таа насока беше дадено поддршка за напорите на министерството за правда за воведување на процесот на далечинско судење, како и побарано заокружување на процесот на дигитализација на судството.

Од страна на министерот за правда, г-дин Бојан Маричиќ, беше истакната подготвеност за поддршка на овие процеси и беа презентирани активностите на министерството и плановите во таа насока.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_