Известување за одложени рочишта
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Известување за одложени рочишта
Risi, Njoftim për opinionin
|
26 Mar 2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДЛОЖЕНИ РОЧИШТА
Основен суд Штип известува дека судиите Маја Џорлева, Анита Јорданова и Мери Гичева ќе продолжат да го користат правото за отсуство од работа заради чување на малолетно дете помало од 10 годишна возраст, согласно препораките и одлуката на Владата на РСМ, па закажаните судски рочишта кај овие судии во периодот додека трае вонредната состојба во РСМ СЕ ОДЛОЖЕНИ.
За следниот ден и час на одржување на овие рочишта странките и учесниците во постапките ќе бидат известени благовремено со доставување на покана.
Со почит,
Основен суд Штип