Јавен Оглас бр. 2/18 за вработување на судски службеници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен Оглас бр. 2/18 за вработување на судски службеници

Новости  |  28.12.2018

          Врз основа на чл.21 и чл.25 од Законот за судска служба и чл.2 од Правилник за формата и содржината на јавниот оглас (Сл.весник бр.236/18),  Основниот суд во Штип објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/18

за вработување на судски службеници

На работно место  дактилограф, со звање судски референт, категорија Г3-трето ниво,   2 (двајца) извршители, на неопределено работно време.

           I. Кандидатите треба да ги исполнуваaт општите услови за прием на судски службеници, и тоа:

            - да е државјанин на РМ,

            - активно да го користи македонскиот јазик

            - да е полнолетен,

            - да има општа здравствена способност за работното место и

            - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна  за  забрана на  вршење професија, дејност или должност.

        II. Посебни услови кои треба да ги исполнуват кандидатите предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Основниот суд во Штип се:  

            - најмалку више или средно образование

            - најмалку 1 година работно искуство во струката и

        -  активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Кандидатите го докажуват со приложување доказ (диплома, сертификат, уверение)

III. Кандидатите поднесуваат пријава за вработување на судски службеник по пошта или преку архивата на судот (на адреса:Основен суд Штип, Комисија за избор на судски службеници (со назнака за оглас 2/18), ул. Ген. Михајло Апостолски бр.18 Штип (образецот може да се подигне во писарницата на судот, во приемно одделение или да се симне од веб страната на судот www.osstip.mk )

            Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници Слободен печат и Лајм.

Пријавата да биде пополнета во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Кон пријавата кандидатот задолжително ги доставува следните докази:

  • Уверение за државјанство

  • Уверение /диплома за завршен степен на образование

  • Диплома, сертификат или уверение за познавање  на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија( англиски, француски и германски)

  • Диплома, сертификат или уверение за познавање  на комјутерски програми за канцелариско работење

  • Лекарско уверение за општа здравствена состојба за работното место

  • Потврда дека со правосилна судска пресуда не е изречена казна забрана за вршење професија дејсност и должност

  • Потврда за работно искуство во струката

Кон пријавата кандидатот може да достави :

  • Извод од историјат на претходни вработувања, доколку кандидатот бил претходно вработен издаден од Агенција за вработување,

  • Препораки од претходни работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува

  • Потврда за волонтерски стаж издадена од волонтерски регистар на Министерство за труд и социјална политика

  • Потврди за посетувани обуки (диплома или уверение за завршен дактилографски курс)

            IV. Кандидатите кои се уредно пријавени на јавниот оглас и кои ќе ја поминат административната селекција ќе полагаат испит, кој се состои од стручен дел. Базата на прашања за полагање на испитот може да се симне од веб страната на судот.

            Со кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе се спроведе усно интервју. На интервјуто ќе учествуваат најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапка за селекција за вработување, а кои биле најдобро рангирани.        

            Времето и датумот на одржување на административна селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на интернет страницата на судот.

                                                                                          Претседател на  Основен суд Штип,

                                                                                                             Емил Пилатов

 

 

Прашањата за вработување на судски службеници може да ги погледнете на следниот линк http://sud.mk/wps/portal/vsrm/sud/bl/linkovi/prasanja%20za%20vrabotuvanje%20na%20sudski%20sluzbenici.

Пријавата за вработување на судски службеници може да ја превземете од следниот линк.

Ранг листата од административната селекција за Оглас бр.2/2018 за вработување на двајца судски референти, на работно место дактилограф може да ја погледнете тука.

Прилозите кон ранг листата можете да ги погледнете тука.

Конечната ранг листа може да ја погледнете тука.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_