Малолетничко престапништво во сообраќајот [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Малолетничко престапништво во сообраќајот

Настани, Новости  |  09.2.2023
Интервју на судија Здравкова за ММС во врска со ...

На ден 09.02.2023 година Судијата за малолетници на ОС Штип, Марина Здравкова, Штип, даде интервју за порталот Македонски Медиа Сервис, во врска со зголемениот број на сообраќајни несреќи предизвикани од малолетници возачи без сообраќајна дозвола, што може да се види од статистиката  на сообраќајната полиција, која во текот на 2022 година санкционирала 2.972 возачи кои без положен возачки испит учествуваат во сообраќајот на патиштата, а една година претходно 24.053 лица. Иако нема официјални податоци, праксата покажува дека голем процент од овие возачи се малолетници. За таа цел секоја година во рамките на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР, МОН, Црвениот крст, Општинските совети за безбедност во сообраќајот на патиштата, се планира и реализира кампања за подигнување на сообраќајната свест кај младите, преку дистрибуција и презентација на едукативни видео спотови за млади, организирање на првентивно едукативни настани и предавања за младите - сообраќајни училници, се со цел подигање на јавната свест  за безбедно вклучување на младите возачи во сообраќајот.

       Судијата Здравкова истакна дека било да станува збор за кривична постапка спрема дете или прекршочна  постапка спрема дете, целта на судската постапка не е да се казни детето туку да се делува воспитно, бидејќи децата се уште не се ментално добро развиени и не се свесни за своите постапки. Појасни дека децата кои без возачка дозвола седнуваат зад волан, прават прекршок со самото управување на возилото, прекршок е и сообраќајна незгода во која учествувало дете, а од која е настанатата материјална штета или телесна повреда на лицето што го управувало возилото, но има и кривично дело, кога детето освен што вози без возачка дозвола и кога во текот на управувањето на сообраќајното возило дојде до сообраќајна незгода и во таа сообраќајка телесно е повредено трето лице, кое може да биде сопатник, возач во возилото или пак пешак.

Судијата нагласи дека постапката спрема деца е специфична и е регулирана со Закон за правда на деца, без разлика дали е тоа кривична или прекршочна постапка, а во текот на постапката задолжително е учеството на Центарот за социјални работи.  Во целата постапка детето е присутно и информирано за се што се случува кон него, а таа како судија утврдува дели детето е способно да ја следи целата постапка и истата да не претставува траума за детето. Додаде и дека многу е битно да му се објасни на детето дека не е целта тоа да биде казнето, дека сепак тоа е дете и дека тоа што го има направено е општествено штетно, со што да се делува и воспитувачки и превентивно и спрема истот, но и спрема останатите.

Повеќе може да прочитате на следниот линк.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_