ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/21 за унапредување на судски службеници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/21 за унапредување на судски службеници

Announcements  |  Dec 20, 2021

Република Северна Македонија

ОСНОВЕН СУД Штип

СУ бр.508/21

20.12.2021 година

Штип

 

Осовен суд Штип врз основа на чл. 20,  чл.39 , чл. 40 став 1  и 2  од Законот за судска служба („Сл.весник на РСМ” бр. 43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/19, 248/2018), согласност од Министерство за финансии бр.18-10208/2 од 03.12.2021 година, Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РСМ“ бр.275/2020) и Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Штип (Пречистен текст) Су бр.863/18 од 14.12.2019 година, на ден 20.12.2021 год. објавува:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/21

ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ 

 

Се објавува интерен оглас за унапредување на судски службеници за работно место:

  1. Самотоен судски референт, кат. Г, ниво Г1 ...........................1 (еден) извршител, шифра на работното место СУД0101Г01001

 

            Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

            - најмалку више или средно образование,

            - најмалку 3 години работно искуство во струката

            - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски)

            - активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење.

 

            На интерниот оглас може да се пријават судски службеници од Основен суд Штип кои ги исполнуваат и следните услови:

            - да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување,

             - да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

            - да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и

             - да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

            Работно време: од понеделник до петок  од  7.30  до 15.30 часот.

            Работни часови неделно: 40.

            Платата (за образование, ниво и звање) во нето износ изнесува 19.140,00 денари.

                       

            Кон пријавата кандидатите може да ги приложат и следните докази:

            - потврди за успешно реализирани обуки и/или

            - потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран судски службеник)

            Рок за пријавување на огласот изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.

            Кандидатите пополнетата пријава со доказите за податоците содржани во пријавата, во хартиена форма ја доставуваат во приемната писарница на Основен суд Штип со назнака „за Интерен оглас“.

            Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

            Ненавремена, нецелосна и неуредна пријава, како и пријава во која кандидатот внел лажни податоци нема да се разгледува и кандидатот ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка.

 

 

                                                                                                Претседател на Основен суд Штип,

                                                                                                                   Ѓорѓи Андонов

 

Пријавата за интерниот оглас може да ја превземете од тука.

Исправката на ИНТЕРЕН ОГЛС бр.1/21 може да ја погледнете тука.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_