Учество на вработени од ОС Штип на Superior Run
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Учество на вработени од ОС Штип на Superior Run
На ден 31.04.2023 година, во центарот на Штип, се одржа првата градска трка по рамна патека Superior runs, во која учествуваа 600 тркачи од градот, државата и од странство и 150 волонтери од различни фирми и организации од градот. Трката во растојание од 5 км и 10 км, организирана во име на прославата на здравиот начин на живот и сплотување на луѓето, се одржа по текот на реката Отиња, покрај значајните симболи на град Штип, како би можеле учесниците од странство да се запознаат со истите.
На трката учествуваа и претставници од Основен суд Штип - Сања Талевска Костовска и Миле Јанев, кои добија медал за успешно завршена трка. ОС - Штип им благодари за вложениот труд во име на промовирање на здрави навики за поинаков начин на живот, како и промовирање на меѓучовечка интеракција и споделување на идеи со сограѓани, како и со луѓе од различни дестинации од светот, особено во ова време на отуѓеност како резултат на долгата изложеност на социјална дистанца во изминатиов период.
Повеќе за настанот може да најдете на https://superiorruns.mk/.