СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Новости, Соопштенија за јавност  |  02.9.2021
Во врска со рочиште СТ-12/21 по предлог за стечајна постапка за АД Баргала Штип

Постапувајќи по предлогот за поведување на стечајна постапка над имотот на должникот Баргала АД Штип, заведен во ОС Штип под СТ-12/21, на ден 02.09.2021 година во Основен суд Штип стечајниот судија одржа рочиште за испитување на условите за отворање на стечајна постапка.

На истото стечајниот управник на Баргала АД Штип ги наведе заклучоците од Извештајот за финансиско-економската состојба на должникот, а полномошникот на должникот и полномошникот на предлагачите-доверителите предложија нови докази, поради што стечајниот судија го одложи рочиштето за 7 дена, односно наредното рочиште го закажа за ден 09.09.2021 година во 08.30 часот.

 

Со почит,

Основен суд Штип

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_