Средба со медиумите
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба со медиумите
На ден 01.03.2022 година во 10.00 часот во Основен суд Штип се одржа средба со медиумите, на која присуствуваа новинари на ТВ Стар, Канал77, МРТВ, М Нет ХД и МИА.
Претставниците на медиумите од страна на Претседателот и Раководителите на одделите имаа можност да се запознаат подетално за работата на Основен суд Штип и предизвиците, со кои се соочуваат Претседателот, судиите и судската служба во секојдневното водење со судски постапки, пред се со недостатокот на човечки ресурси, присуството на странките во постапката поради КОВИД 19 и кризната состојба со електричната енергија, но и со можностите за зголемување на бројот на вработени, изборот на нови судии, адаптација на простории за дополнителни судници и е-судење.
Исто така, Претседателот на Основен суд Штип имајќи ги во предвид бројот на примени и решени предмети до крајот од 2021 година, ги информираше претставниците на медиумите дека Oсновниот суд Штип во 2021 година е ажурен и ефикасен суд и успешно го совладал приливот на предмети иако истиот, споредбено со 2020 година, бил за 35% поголем, а притоа истото е сторено со намален број на судии и судска служба.