Соопштение за предмет К.бр.118/21 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за предмет К.бр.118/21

Изјави, Соопштенија за јавност  |  05.4.2022
Заради интерес на јавноста, Основен суд Штип го дава следното соопштение:

На ден 29.03.2022 година во ОС Штип се одржа рочиште за главна расправа по предметот К.бр.118/21, по обвинителен предлог на ОЈО Штип против управителот на правно лице за сторено кривично дело „Загадување на животната средина и природата“ од чл.218 ст.4 в.в. ст.1 од КЗ и правно лице за сторено кривично дело по чл.218 ст.6 в.в. ст.1 од КЗ, за настан случен на ден 23.06.2020 година во кругот на правното лице, лоциран во Штип, кога од небрежност можело да се предизвика значително оштетување на квалитетот на водата на реката Брегалница, и не се превзеле мерки за заштита, поради што дошло до истекување на течна хемикалија и големо количество на биолошки неразградиви супстанци преку одводен канал, кое довело до заматување на водата на реката.

            По завршување на главната расправа, Основниот суд во Штип претставен од судија поединец донесе Пресуда поради признание на вина, со која управителот на правното лице и правното лице се огласени за виновни и осудени на парична казна и тоа: на управителот на правното лице за сторено кривично дело од чл.218 ст.4 в.в. ст.1 од КЗ му е изречена парична казна во износ од 2000 евра во денарска противвредност од 123.000 денари, а на правното лице за сторено кривично дело од чл.218 ст.6 в.в. ст.1 од КЗ му е изречена парична казна во износ од 200.000 денари.

Основен суд Штип

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_