Средба со Министерот за правда Проф. Д-р. Никола Тупанчевски [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со Министерот за правда Проф. Д-р. Никола Тупанчевски

Настани, Новости  |  03.2.2023
Средба со Министерот за правда Проф. Д-р. Никола Тупанчевски во рамките на советувањето на тема Измените на новиот Казнен законик.

            На ден 01.02.2023 година во Апелациониот суд Штип, се одржа советување  на тема Измените на новиот Казнен законик, на кое присуствуваше Министерот за правда Професор д-р Никола Тупанчевски. Во рамките на овој настан беше остварена средба на Министерот со Претседателот на Основниот суд Штип судија Ѓорѓи Андонов, ВД Претседателот на Апелациониот суд Штип судија Кирчо Донев, Вишиот јавен обвинител на ВЈО Штип Ристо Бојаџиски ВД и Основниот јавен обвинител на ОЈО Штип Татјана Кацарска.

            На средбата, Претседателот на Основен суд Штип судија Ѓорѓи Андонов информираше за работата на Основниот суд Штип, од аспект на ажурно и ефикасно исполнување на работните задачи определени согласно закон и покрај зголемениот прилив на предмети и намалениот број на стручен кадар, како и за сите предизвици и проблеми со кои се соочува судот. Во таа насока беа предложени и разгледани решенија за надминување на ваквите состојби и тоа преку законски измени кои ќе овозможат вклучување на правници со одреден стаж (стручни соработници, адвокати и др.правници) во рамките почетната обука на Академијата за судии и обвинители со пократко времетраење, пренесување на надлежноста врз одреден дел од предмети од судска во друга надлежност (нотари, управна постапка, др.органи), како и за подобрување на материјалната состојба на судовите и особено за зголемување на платите на судиите и судските службеници како основни предуслови за поефикасно судство.

            Беше разговарано и за реализацијата на сеопфатните реформи во правосудството кои секојдневно се преземаат, особено од аспект на механизмите кои се воспоставени со цел заштита на правата и слободите на граѓаните и владеењето на правото, а беа разменети искуства и во поглед на употребата на алтернативните начини за решавање на споровите, како и потребата за воедначување на судската пракса.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_