Соопштение за јавноста [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавноста

Соопштенија за јавност  |  30.10.2019
Во врска со постапката за извршување на казна затвор спрема осудениот Игор Спасов од Штип...

Во врска со постапката за извршување на казна затвор спрема осудениот Игор Спасов од Штип, за која има интерес од јавноста, а со цел воедначено и соодветно фактографско известување, Основен суд Штип ја информира јавноста дека на ден 24.10.2019 година по редовен пат, по пошта, е примено писмено известување од КПД Идризово датирано од 21.10.2019 година, со кое се известува судот дека осудениот Игор Спасов не се јавил на доиздржување на казната затвор во таа установа, а на кое нешто бил обврзан согласно решението на ОС Штип ПК-6/19 од 31.07.2019 година. Од страна на судот, по приемот на известувањето, истото е обработено и е постапено веднаш, во законски предвидениот рок, и на 25.10.2019 година во претпладневните часови до МВР СВР Штип е доставена Наредба за спроведување на осудениот Игор Спасов на доиздржување на казната затвор во КПД Идризово, со назнака „Итно!“. Во ОС Штип од страна на СВР Штип на ден 28.10.2019 година е доставено известување дека осудениот не е достапен на органите на прогонот, по што веднаш, истиот ден, од страна на судијата за извршување на санкции на ОС Штип е доставена согласност за издавање на потерница до СВР Штип, која се однесува за распишување на потерница по осудениот на територијата на Република Северна Македонија.

                Постапувајќи по истата, СВР Штип на ден 29.10.2019 година го извести судот дека располагаат со потврдени информации дека осудениот Игор Спасов не се наоѓа на територијата на РСМ, па бараат Изјава, согласно чл.564 ст.1 од ЗКП, со која судот изјавува дека во случај на пронаоѓање на лицето ќе побара негова екстрадиција, а ова потребно заради распишување на меѓународна потерница по осудениот. ОС Штип веднаш, истиот ден, до СВР Штип ја достави бараната изјава, по што е распишана и меѓународна потерница по осудениот Игор Спасов.

                Појаснуваме дека одлуките донесени од страна на судот во оваа постапка се донесени по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица, искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде осудениот издржувал казна затвор дека таков вид на лекување и медицински третман не се пружа во таа установа.

                По однос на наводите за некаква забрана за давање на изјави од страна на портпаролот на судот, најостро и најкатегорично ги негираме истите, напротив, истиот последните неколку дена дава редовни изјави на секое барање од претставници на медиуми, но со цел за точност и прецизност во известувањето кое е од интерес на јавноста, а поради тоа што се утврдиja непрецизност и неточности во одредени известувањa, се одлучи да се издаде ова соопштение достапно за целата јавност.

                Со почит,

                Основен суд Штип

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_