Европски ден на правдата 2020 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Европски ден на правдата 2020

Новости  |  26.10.2020

ЕВРОПСКИ ДЕН НА ПРАВДАТА 2020

 

Европскиот ден на правдата, 25 Октомври, е ден кој се одбележува со цел граѓаните на ЕУ поблиску да се информираат и запознаат со своите права и пристапот до правдата, како и со работата на Советот на Европа и Европската комисија во полето на правдата.

Одбележувањето започна во 2003 година и во секоја од земјите – членки на ЕУ се одбележува со организирање на настани преку кои правдата се приближува до граѓаните. Тие настани се прилика граѓаните да дознаат повеќе за своите права и правната процедура. 

Основниот суд Штип секоја година, препознавајќи го значењето и вредностите кои ги промовира, пригодно го одбележува овој ден со различни активности, со цел приближување на правдата и промовирањ на европските постулати поблиску до граѓаните.

Оваа година, имајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата од КОВИД-19, како општествено одговорна институција, одбележувањето го правиме симболично и виртуелно, со надеж дека следната година состојбата ќе биде значително подобра и ќе имаме можност заедно со граѓаните, непосредно, да го одбележиме овој ден.

#EuropeanDayOfJustice2020

Линк до страницата на Советот на Европа посветена на Европскиот ден на правдата:

https://www.coe.int/en/web/cepej/events/european-day-of-justice

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_