Информација за јавноста [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Информација за јавноста

Новости  |  23.1.2020

Информација за јавноста

 

Основниот суд Штип ја известува јавноста дека на 23.01.2020 година во Основен суд Штип се одржа извештајно Собрание на доверители во отворената стечајна постапка над должникот Градежно трговско друштво БЕТОН-ШТИП акционерско друштво Штип во стечај, на кое Собранието на доверители донесе одлука именуваниот стечаен управник од страна на стечајниот судија да се смени, и за нов стечаен управник по предлог на доверителите, Собранието го избра Живко Калков од Скопје.

Бидејќи доверителите избраа нов стечаен управник, кој согласно чл.50 ст.2 од Законот за стечај е должен во рок од 15 дена да изготви нов извештај за економско финансиската состојба на должникот, полномошникот на доверителите предложи денешното извештајно рочиште да се одложи, по што судот констатира дека Собранието на доверители донесе одлука да го одложи денешното извештајно собрание, по што судот донесе решение и Извештајното собрание го одложи за ден 07.02.2020 година во 11 часот во судница 3 на Основен суд Штип, на кое собрание, Собранието на доверители ќе одлучува по останатите точки на дневен ред.

По завршувањето на ова собрание на доверители, стечајниот судија, во рок од 3 дена ќе донесе решение согласно чл.32 од Законот за стечај, со кое доколку се исполнети законските претпоставки од Законот за стечај ќе постапи по одлуката на собранието на доверители и ќе го разреши досегашниот и ќе го именува новиот стечаен управник, а во спротивно може да го одбие именувањето на новиот стечаен управник.

Основен суд Штип, 23.01.2020 година

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_