Учество на Претседателот на ОС Штип, судија Ѓорѓи Андонов, на V-тата Меѓународна судиска конференција на ЗСРСМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Учество на Претседателот на ОС Штип, судија Ѓорѓи Андонов, на V-тата Меѓународна судиска конференција на ЗСРСМ

Risi  |  15 Shk 2021
Учество на Претседателот на ОС Штип, судија Ѓорѓи Андонов...

       Здружението на судиите на Република Северна Македонија, со поддршка од Амбасадата на САД во РСМ и CEELI Институтот за вледеење на правото од Прага, на ден 11 февруари 2021 година ја организираше V-тата Меѓународна судиска конференција на тема „Функционирање на судството за време на COVID-19”. Конференцијата се одржа виртуелно по пат на ZOOM платформа поради пандемијата со COVID-19.  

       На конференцијата учествуваа судии и правници од државата и светот, а свои воведни излагања имаа: Кејт Марие Бирнс - Амбасадор на Соединетите Американски Држави во РСМ, Бојан Маричиќ, Министер за правда на РСМ, д-р Фреда Грили - CEELI – институтот за владеење на правото од Прага и судија д-р Џемали Саити, Претседател на Здружението на судиите на РСМ.
       Учество зема и Претседателот на ОС Штип, судијата Ѓорѓи Андонов, со свое излагање на тема „Онлајн судења – нужност или потреба“, истакнувајќи ја потребата за што побрза целосна дигитализација на правосудството во РСМ, дигитално поврзување на институциите, целосна употреба на е-достава, е-потпис и е-печат, како и од воведување на можност за онлајн судења, со што ќе се зголеми ефикасноста и економичноста.

 

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_