РАИ Летна школа за помлади Анти-корупциски практичари од Југоисточна Европа [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

РАИ Летна школа за помлади Анти-корупциски практичари од Југоисточна Европа

Новости, Соопштенија за јавност  |  13.7.2022

Во организација на РАИ-Регионална Антикорупциска иницијатива, а со подршка на Националниот институт за правда на Р.Бугарија и Централна Европска иницијатива  во периодот од 04 до 08 јули во Софија-Р.Бугарија беше одржано 17-тото издание на РАИ Летна школа за помлади Анти-корупциски практичари од Југоисточна Европа на тема ,,Судски Интегритет“. На настанот учество зедоа по двајца представници од земјите од југоисточна Европа: Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Хецеговани, Црна Гора, Албанија, Романија, Молдавија а представник на Р.Северна Македонија беше судијата од Основен суд Штип Марина Здравкова. Во текот на летната школа од страна на меѓународни експерти на учесниците им беа презентирани најновите достигнувања и практики на полето на судската етика и судски интегритет, и насоки во поглед на идентификација на механизмите за превенција на корупција и промоција на транспарентен процес на донесување на одлуки.  Ова исто така беше можност за размена на добри практики и искуства од оваа област помеѓу учесниците и предавачите и за дискусија за новите перспективи во областите на заеднички интерес.

Од страна на представникот на Р.Северна Македонија судијата од Основен суд Штип Марина Здравкова беа презентирани механизмите и алатките за промоција и зајакнување на судскиот интегритет како и добрите практики и достигнувања во оваа област во РСМ.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_