Годишни одмори за судските службеници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Годишни одмори за судските службеници

Новости  |  11.7.2018
Понеделник, официјално почнува судската ферија

 

Понеделник, официјално почнува судската ферија.

Годишните одмори во судовите траат од 15 јули до 15 август.  Правото на годишен одмор на судските службеници е уреден со Законот за судска служба и Законот за судовите,  Согласно одредбите од чл.72 ст.2 од Законот за судовите, за време на годишните одмори во судовите од прв степен се извршуваат само нужни работи, и тоа :

-Истраги и судења во кривични предмети кога обвинетиот е во притвор и во кривични предмети на странките кои не живеат во Република Македонија;

-предмети за примена на времени мерки;

- менична тужба;

- спорови за објавување на исправка на објавена информација;

-прекршочни предмети од итна природа;

-вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитувањето и заштитата на децата и обврски по  предметите за издршка што произлегуваат од закон;

-вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа;

-попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти

- прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.
 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_