С О О П Ш Т Е Н И Е до јавноста
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е до јавноста
Република Северна Македонија
Основен суд Струга
21.10.2020 година
Струга
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Европскиот ден на правдата 25 Октомври секоја година се одбележува од сите држави на Европа, а целта на неговото одбележување е во сите европски држави правдата и начинот на нејзиното спроведување да бидат доближани до граѓаните како и пристапот до неа од страна на пошироката јавност.
Во оваа тековна 2020 година, со оглед на состојбата поврзана со ширењето на вирусот Ковид 19, Основниот суд во Струга се вклучи во активност по повод 25 Октомври, на начин што на веб-страната на судот објави стручна статија со наслов „Работата и значењето на Основниот суд во Струга, со краток осврт на човековите права и слободи во судските постапки по повод 25 Октомври -Европскиот ден на правдата“, изработена од судскиот волонтер м-р.Деспина Влаќеска.
Ве информираме дека судот во континуитет има подготвено и информативни брошури за човековите права и процесната положба на граѓанинот во судските постапки.
Ве известуваме дека статијата ќе биде испратена и преку официјалните меил-адреси на средните училишта каде што се изучуваат предмети од областа на правото, како и Правните факултети на територијата на Општина Струга со цел за нејзина информативна примена во наставата.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СУДОТ,
Ифет Бајрамоски