З А К Л У Ч О К ЗА УСНА ЈАВНА ПРОДАЖБА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

З А К Л У Ч О К ЗА УСНА ЈАВНА ПРОДАЖБА

Новости  |  14.3.2019
З А К Л У Ч О К ЗА УСНА ЈАВНА ПРОДАЖБА ОСНОВНИОТ СУД ВО СТРУГА, со судијата Лазо Ѓоргоноски, постапувајќи во предметот за делба на заедничиот имот на предлагачките

ОСНОВНИОТ СУД ВО СТРУГА, со судијата Лазо Ѓоргоноски, постапувајќи во предметот за делба на заедничиот имот на предлагачките «Руждие Мехмеди» од село «Подгорци» и Кадруша Асоска од Струга, застапувани од полномошник адвокат Петко Деспотоски и учесниците «Шабан Ајдиноски» од село Подгорци, Даут Ајдиноски од истото место, застапуван од полномошник адвокат Климе Мартиноски и Сафет Ајдиноски од село Подгорци, застапуван од полномошник адвокат Горан Николоски, вон рочиште, на ден «14.03.2019» година, го донесе следниот:

 

З А К Л У Ч О К 

ЗА УСНА ЈАВНА ПРОДАЖБА

 

            СЕ ОПРЕДЕЛУВА ПРОДАЖБА со усно јавно наддавање на недвижноста опишана во Имотен лист број 15 за КО Подгорци, означена како:

            - Кп.бр.54, дел 1, на место викано „Село“, катастарска култура гз, гиз, со површина од 237 м2,

            - Кп.бр.54, дел 1, на место викано „Село“, катастарска култура гз, зпз1, со површина од 76 м2,

            - Кп.бр.54, дел 1, на место викано „Село“, број на зграда/друг објект 1, намена на зградата и друг објект А1-1, влез 001, кат К1, број 2, намена на посебен/ заеднички дел од зграда СТ, со внатрешна површина од 48 м2 и

            - Кп.бр.54, дел 1, на место викано „Село“, број на зграда/друг објект 1, намена на зградата и друг објект А1-1, влез 001, кат ПР, број 001, намена на посебен/ заеднички дел од зграда СТ, со внатрешна површина од 48 м2,

            сосопственост на учесниците Даут Ајдиноски, Сафет Ајдиноски, Шабан Ајдиноски, Кадруша Асоска и Руждије Мехмеди.

            Продажбата ќе се изврши на ден 18.04.2019 година во 09:00 часот, во просториите на Основниот суд во Струга, соба број 32.

            Почетната вредност на недвижноста утврдена со непосредна спогодба меѓу сосопствениците изнесува 543.352,50 денари, под која недвижноста не може да се продаде на првото јавно наддавање.

            Недвижноста не е оптоварена со товари и службености.

            На јавното наддавање можат да учествуваат само лица кои претходно положиле гаранција која изнесува 1/10 (една десеттина) од утврдената вредност на недвижноста.

            Уплатата на паричните средства на име гаранција се врши на депозитната сметка на Основен суд Струга, Банка на примачот: Народна банка на Република Македонија со трансакциска сметка 1000000000630 95, на трансакциска сметка 2901000922 696 13 и приходна шифра и програма: 725939 20.

            На понудувачите чија понуда не е прифатена, гаранцијата им се враќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавање.

            Најповолниот понудувач - купувач на недвижноста е должен да ја положи вкупната цена на недвижноста во рок од 15 дена од денот на продажбата, во спротивно ќе се определи нова продажба, а од продажната гаранција ќе се намират трошоците на новата продажба и ќе се надомести разликата меѓу цената постигната на поранешната и новата продажба.

            Овој заклучок ќе се објави во дневниот весник „Нова Македонија и web-страната на Основниот суд Струга.                                                                                              

            Заклучокот да се достави до полномошниците на странките и до надлежниот орган на управата при Собрание на општина Струга.

                        С у д и ј а,  с.р.         

ПОУКА: Против овој заклучок дозволен е

приговор во рок од 3 дена од приемот преку

овој суд до Апелациониот суд Битола.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_