Ден на правосудство [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Ден на правосудство

Новости  |  30.3.2019
Денеска е денот на македонското судство Денеска е денот на основањето на судовите, односно поставувањето на темелите на судството во Република Северна Македонија.

Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија почнува со донесувањето на Одлуката на Второто заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година, за формирање на судски органи и поверенство за судство, како и судски оддели при народноослободителните одбори и нивните задачи.

На 20 октомври 1944 година е донесено Решение на Президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека до целосното уредување на правосудството во Македонија судењата ќе се вршат во рамките на народноослободителните одбори. За разлика од револуционерните судови, судовите на партизанските одреди во овој период се јавуваат како хибриден вид правосудни органи кои, иако формирани од НОВ на Македонија, сепак, се карактеристични по две нешта, и тоа: првпат станува збор за правосудни органи засновани со акт на законодавно тело, и за органи кои се одвоени од воената структура, доминантна во сите сфери на живеењето во тој период.

На 31 март 1945 година е донесена Повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со Повелбата се основани 25 околиски судови, 3 обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради ова, 31 март 1945 година се смета за ден на основање на судовите, односно за поставување на темелите на судството во Република Северна  Македонија.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_