Јавен оглас за вработување во Основен суд Струга, број 2/19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување во Основен суд Струга, број 2/19

News  |  Aug 12, 2019
Јавен оглас за вработување во Основен суд Струга, број 2/19

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД СТРУГА

СУ-04.бр.27/19

7.08.2019  година

С т р у г а

 

            Врз основа на член 17 став 1, член 20  став 1 алинеја 1 и член 25 од Законот за судска служба (Сл.весник на Р.С.М. бр.43/14, 98/15, 33/15, 06/16 и 198/18) во врска со член 22 и член 23 од Законот за работни односи и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административна селекција, на испитите, проверка на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на Р.С.М. бр.236/18), ОСНОВНИОТ СУД ВО СТРУГА  на ден 7.08.2019 година,

 

О б ј а в у в а

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2/2019

 

За вработување на 2 (двајца) судски службеници  и 1 (едно) лице за помошни – технички работи

на неопределено работно време, за следните работни места:

 

1. Категорија Г, ниво Г3, судски референт-дактилограф -  1 (еден) извршител-шифра СУД 0201Г03001 ;

 

Посебни услови:

-најмалку више или средно образование

-најмалку 1 година работно искуство во струката

-активно познавање на еден  од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски) и

-активно познавање  на компјутерски програми за  канцелариско работење

 

2. Категорија Г, ниво Г4, помлад судски референт - доставувач -  1 (еден) извршител-шифра СУД 0201Г04002 ;

Посебни услови:

-најмалку више или средно образование

-со или без работно искуство во струката

-активно познавање на еден  од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски) и

-активно познавање  на компјутерски програми за  канцелариско работење

 

3. Оператор на телефонска централа – 1 (еден) извршител - шифра СУД 0201РО003 ;

 

Посебни услови:

-најмалку средно образование

-со или без работно искуство во струката

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Струга, кандидатот треба да ги исполнува и  следните ОПШТИ УСЛОВИ кои се предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба и тоа:

 

-да е државјанин на Република Северна Македонија (државјанство)

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здравствена способност за работното место (лекарско уверение) и

-со правосилна судска пресуда  да не му е изречена казна забрана за вршење на професија,  дејност или должност (потврда од суд).

 

Предвидена  основна нето плата за наведените работни места:

- за работно место под т.1 - 16.474,00 денари;

- за работно место под т.2 - 16.422,00 денари;

- за работно место под т.3 - 15.265,00 денари.

 

Работни часови неделно: 40; Работно време од 07,30 до 15,30 часот; Дневна пауза од 11 до 11,30 часот.Работни денови: од понеделник до петок, времетраење на работниот однос е неопределено.

 

Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување и докази за исполнување на општите  и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.

 

Во пријавата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште, односно престојувалиште на кандидатот, e-mail адреса или контакт телефон.

 

Рокот за поднесување на пријавите за работните места под т.1 и под т.2  изнесува  15 (петнаесет) дена, додека за работното место под т. 3.  изнесува 3 – три работни дена од денот на објавување на огласот во дневните весници и за ова работно место изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавувањето.

 

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

 

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

Пријавата со доказите, кандидатите се должни да ја достават непосредно или по  пошта до архивата на Основен суд Струга, ул.„ЈНА“ б.б., истата може да се најде  електронски на интернет страницата  www.osstruga.mk или да се подигне лично во просториите на судот.

 

Времето и датумот на одржување на административна селекција, испитот и интервјуто за работните места под т.1 и под т.2 ќе бидат објавени  на погоренаведената интернет страница на судот.

                                                                                                        ОСНОВЕН СУД СТРУГА

- 2 -

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_