Слободен пристап до информации
ActionsСлободен пристап до информации
Податоци за пристап до информации од јавен карактер
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен суд Струмица ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основен суд Струмица ја сочинуваат следните групи на информации:
Општи информации за судот
Судска власт
Судска пракса
Контакт информации
Формулари
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен суд Струмица со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основен суд Струмица или да го симнат од ликот подолу.
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен суд Струмица - ул. „Ленинова“ бр. 34, 2400 Струмица, или на e-mail: metadukic@gmail.com
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Основен суд Струмица согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации го определи: Мариета Дукиќ.
Кликнете на линкот подолу за да го преземете Барањето за пристап до информации од јавен карактер
Преземање