За судиите
ActionsЗа судиите
Судиите во Основен суд Струмица
Во Основен суд Струмица има вкупно 8 судии од кои тројца работат на Граѓанска материја, а пет на Кривична материја. Претседател на Основен суд Струмица е судијата Емил Глигоров, а негов заменик е судијата Цона Каламерникова.
Претседател
CV на Претседател
Судија Емил Глигоров
Судиите
Судија Борис Бержецки
Судија Борис Бержецки
Образование:
Магистрирал 2000 г. на универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје
Дипломирал 1983 г. на универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје
Работно искуство:
Вработен во Основен суд Струмица од 01.04.1984 г.
Судија Валентина Даутова
Судија Валентина Даутова
Образование:
Дипломирала на правен факултет на 30.09.1986 на УКИМ - Скопје
Положила правосуден испит на 20.02.1991 г.
Работно искуство:
од 16.02.2005 г. - до денес работи како судија во Основен суд Струмица во Кривичен оддел - Прекршочен отсек
од 17.04.2003 г. до 15.02.2005 г. работела како Самостоен советник во Основен суд Струмица
од 01.09.1995 г. работела како Стручен соработник во Основен суд Струмица
од 07.11.1994 г. до 01.09.1995 г. работела како адвокат
05.07.1989 г. до 04.07.1990 г. работела како судски приправник во Основен суд Струмица
Судија Катерина Тодорова
Судија Катерина Тодорова
Образование:
Родена 1986 година во Струмица каде и живее;
На 24.06.2008 година дипломирала на Правен факултет ,,Јустинијан Први“ Скопје;
На 26.10.2010 година - положен правосуден испит ;
На 24.12.2014 година – завршени постдипломски магистерски студии (стара програма) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и се стекнала со право на научен степен- магистер на правни науки од областа на казнено право и криминологија;
На 24.02.2023 година Завршена Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев“ во Скопје.
Волонтерски стаж:
Од 01.09.2008 до 14.05.2009 година - волонтер во Основен суд Струмица;
Работен стаж:
Од 15.05.2009 до 15.09.2020 година вработена во Основно јавно обвинителство Струмица најпрво како јавнообвинителски приправник, по положување на правосуден испит унапредена во стручен јавнообвинителски соработник, а потоа и во Виш стручен јавнообвинителски соработник.
Од 16.09.2020 година вработена во Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев“ Скопје.
Од 01.09.2023 година судија во Основен суд Струмица .
Поседува сертификати за познавање и практична работа со компјутери и Меѓународни сертификати за познавање на Англиски јазик, Сертификат за задолжителна обука за ЗКП, Сертификат за обука за Кривично правна заштита на правата од интелектуална сопственост, HELP сертификат ,,Introduction to the Europian convention on Human Rights and the Europian Court of Human rights“ , Сертификат за обука ,,Ресторативна правда и медијација“, Сертификат за обука за компјутерски криминал и дигитални докази, HELP Сертификат ,,Key human rights principles in Biomedicine“, HELP сертификат ,,Environment аnd human rights“, а има учествувано и во бројни други обуки и семинари за стручно усовршување.
Судија Лорета Абрашева
Судија Лорета Абрашева
Образование:
Родена на 28.07.1968 г. во Струмица. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје „Универзитет св. Кирил и Методиј“ - правосудна насока во 1994 г.
Работно искуство:
На 01.09.1995 г. била примена како судски приправник при Општински суд Струмица за време од 2 години. По истекот на двете години и по положувањето на правосудниот испит во 1998 г. е распоредена како стручен соработник.
Избрана е за судија при Основен суд Струмица на ден 22.06.2005 г. и се до денес работи како судија во граѓански оддел.
Судија Марина Абрашева
Судија Марина Абрашева
Образование:
02.07.1986 г. - Правен факултет УКИМ Скопје
19.10.1990 г. - Положен правосуден испит
Работно искуство:
- Општински суд за прекршоци
- 11.03.1991 г. - стручен соработник
- 24.09.1997 г.- судија при Основен суд Струмица - кривичен оддел - полнолетни лица
- од 2001 до 2014 г. претседател на кривичен оддел
09.12.2015 г. Претседател на Основен суд Струмица
01.01.2020 - Судија при Основен суд Струмица - судија за деца и судија за прекршоци
Објавени трудови и активности:
- Септември - Октомври 2010 г. учествувала во размена на судии со престој од 15 дена во Естонија
Судија Ратка Муканова
Судија Ратка Муканова
Судија Татјана Малинова
Судија Татјана Малинова
Судија Цона Каламерникова
Судија Цона Каламерникова
Образование:
25.04.1996 г. положила Правосуден испит
26.11.1993 г. дипломирала на Правен факултет УКИМ во Скопје
ПРОФЕСИОНАЛНА ЕДУКАЦИЈА
03-08.07.2006 - Летна школа за новоизбрани судии и јавни обвинители од Југоисточна Европа - Европски стандарди во правото и Внатрешните работи - Романија
13.04 - 01.05.2015 г. - Кооперативни напори во борба против интернационалниот криминал - САД
Работно искуство:
од 01.01.2006 до денес Судија во Основен суд Струмица во Кривичен оддел - кривични дела на полнолетни лица; Портпарол на судот и овластено лице за Информации од јавен карактер
од 16.02.2005 до 01.01.2006 г. Судија во Основен суд Струмица во Граѓански оддел - граѓански спорови
од 17.04.2003 до 15.02.2005 г. Самостоен советник во Основен суд струмица
од 01.12.1996 до 17.04.2003 г. Стручен соработник во Основен суд Струмица
од 01.09.1995 г. до 01.12.1996 г. Судски приправник во Основен суд Струмица