Оглас за судии поротници
ActionsLajm
- Shtëpi
- >
- Lajm
Оглас за судии поротници
Согласно чл. 38 ст.3 и чл. 48 од Законот за судовите ( Службен весник на РМ 58/2006 од 11.05.2006 година) и чл. 19 и чл. 47 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите ( Службен весник на РМ бр. 150 од 18.11.2010 година), а во врска со Одлуката на Судски совет на Република Македонија за бројот на судии поротници во Основните и Апелационите судови во Република Македонија бр. 02-2159/1 од 10.12.2015 година, Основниот суд во Струмица, денес на 27.09.2016 година, го објавува следниот
О Г Л А С
за избор на 25 ( дваесет и пет ) судии поротници
Кандидатите треба да ги исполнуваат условите од чл. 48 од Законот за судовите и чл. 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите и тоа:
- да е државјанин на Реепублика Македонија
- да е полнолетен
- со завршено најмалку високо образование
- активно да го владее македонскиот јазик
- да не е постар од 64 години
Во прилог на пријавата, кандидатите се должни да ги поднесат следните документи:
- уверение за државјанство
- извод од Матичната книга на родените
- потврда за завршено високо образование
Заинтересираните кандидати, пријавата со потребните документи треба да ги достават во рок од 15 дена од објавувањето на огласот, до Основен суд Струмица со ознака “ оглас за судии - поротници “ ( до приемното оидделение на Основен суд Струмица ).
Претседател на Основен
суд Струмица
Судија
Марина Абрашева