ЈАВЕН ОГЛАС БР. 2/22 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 2/22

Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  |  23.12.2022
ЈАВЕН ОГЛАС БР. 2/22

            Врз основа на чл.21 и чл.25 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18) и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас ( Службен весник на РМ бр.236/18), Основниот суд во Струмица објавува:

 

                                            Ј А В Е Н   О Г Л А С   БР. 2/22

 

            За вработување на судски службеник на неопределено време на следното работно место:

            1. Судски соработник - категорија В, ниво В3- 1 (еден) извршител

            - Посебни услови : стручни квалификации - стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет, положен правосуден испит  и најмалку една година работно искуство во струката

            - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија ( англиски, француски и германски)

            - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба ( Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).

            - нето платата ќе изнесува 29.580,оо денари

            - работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

            Покрај наведените посебни услови, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување, предвидени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18) и тоа:

            - да е државјанин на Република Северна Македонија,

            - активно да го користи македонскиот јазик

            - да е полнолетен

            - да има општа здравствена способност за работното место

            - со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност

            Кандидатите поднесуваат пријава за вработување на судски службеник по пошта или преку архивата на судот на адреса ул:„Ленинова„ бр.34 Струмица со назнака до Комисија за избор на судски службеници за оглас бр.2/22 заедно со сите потребни документи во оригинал или заверени кај нотар.

            Пријавата може да се подигне во архивата на судот или Веб страната на судот и мора да биде пополнета во целост, прецизно и со точни податоци.                                            

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од понатамошна постапка.

            Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници „Нова Македонија„ и „Коха„.

            Кандидатите кои се уредно пријавени на јавниот оглас и кој ќе ја поминат административната селекција ќе полагаат испит. Базата на прашања за полагање на испитот може да се симне од Веб страната на судот.

            Со кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе се спроведе усно интервју.

            На интервјуто ќе учествуваат најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката за селекција за вработување, а кои биле најдобро рангирани.

            Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на Веб страната на судот www.osstrumica.mk.

 

                                                                                                      Претседател на

                                                                                                Основен суд Струмица,

                                                                                                          С у д и ј а,

                                                                                                      Емил Глигоров

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_