ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/2024 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/2024

Новости, Соопштенија за јавност  |  28.3.2024
ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/2024 за судии поротници

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД СТРУМИЦА

04-СУ.бр.9/2024

Од  27.03.2024 година

Врз основа на чл.42, 43 и 49 од Законот за судовите (Службен весник на РМ бр.58/06, 62/06, 35/08, 150/10, 83/18, 198/18 и  Службен весник на РСМ бр.96/19), како и чл.53 од Законот за судски совет на РСМ (Службен весник на РСМ бр.102/2019), а согласно Одлуката на Судскиот совет на РСМ за утврдување на бројот на судии поротници во судовите на РМ бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година (објавена во Службен весник на РМ бр.219/15) Основен суд Струмица го објавува следниот:

ЈАВЕН  ОГЛАС БР.1/2024

За избор на 25-судии поротници во Основен суд Струмица

Основен суд Струмица има потреба од кандидати за судии поротници кои ќе му ги предложи  на Судскиот совет на РСМ за избор на судии поротници за време од 4 години.

            Кандидатите за избор на судија – поротник  потребно е да ги исполнуваат условите предвидени во чл.42 ст.2 и 3 од Законот за судовите и тоа:     За судија –поротник може да биде избран полнолетен државјанин на Република Северна Македонија со: завршено најмалку средно образование, кој активно го владее македонскиот јазик, ужива углед во вршењето на оваа фунција и кој не е постар од 60 години.

            За судија – поротник за судење на малолетни  лица, кандидатите треба да имаат искуство во воспитанието и образованието на млади.

            Заинтересираните кандидати потребно е со пријавата да ги доставал следните документи во оргинал или копија заверена на нотар:

  • Уверение за завршено образование
  • Уверение за државјанство
  • Потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • Изјава дека со судија, судија-поротник во овој суд или член на Судскиот совет на Република Северна Македонија не е во сродство во права или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, заверена на Нотар

    Рокот за пријавување на кандидатите е 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот на веб страната на судот и на огласна табла на судот.                 Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

            Заинтересираните кандидати потребните документи во прилог можат да ги достават во писмена форма непосредно преку приемното одделение на Основен суд Струмица или по пошта на адреса на Основен суд Струмица ул.„Ленинова„ 34  (со назнак за Јавен оглас бр.1/2024 година за избор на судии поротници).

            Пријава и Изјава може да преземаат во електронска форма од веб страната на Основен суд Струмица http://www.osstrumica.mk или во приемно одделение на Основен суд Струмица.

                                                                                                Претседател на

                                                                                        Основен суд Струмица

                                                                                               Емил Глигоров

 

Од овде може да ги преземете документите за судии поротници

Изјава за судии поротници

Пријава за судии поротници

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_