ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 1/19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 1/19

Новости  |  19.9.2019
Основен суд Струмица распишува Јавен оглас за вработување на Виш судски референт, Судски референт и Помлад судски референт

                Врз основа на чл.21 и чл.25 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18) и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас ( Службен весник на РМ бр.236/18), Основниот суд во Струмица објавува:

 

                                        Ј А В Е Н   О Г Л А С   БР.1/19

 

За вработување на судски службеници на неопределено време на следните работни места:

 

            1. Виш судски референт- категорија Г, ниво Г2-1 (еден) извршител

 

            - Посебни услови:- најмалку вишо или средно образование и најмалку две години работно искуство во струката

            - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија ( англиски,француски и германски)

            - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба ( Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).

            - нето платата ќе изнесува 16.531,оо денари

            - работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

 

            2. Судски референт-дактилограф-категорија Г,ниво Г3-1 (еден) извршител

 

            - Посебни услови:- најмалку вишо или средно образование и најмалку една година работно искуство во струката

            - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија ( англиски,француски и германски)

            - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба ( Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).

            - нето платата ќе изнесува 15.675,оо денари

            - работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

 

            3. Помлад судски референт-доставувач-категорија Г, ниво Г4-1(еден) извршител

 

            - Посебни услови:- најмалку вишо или средно образование со или без работно искуство во струката

            - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија ( англиски,француски и германски)

            - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени со актот за систематизација на работните места за соодветното работно место, согласно чл.12 од Законот за судска служба ( Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18).

            - нето платата ќе изнесува 14.465,оо денари

            - работни часови неделно 40 часа; работно време од 7,30 до 15,30 часот; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; работни денови од понеделник до петок

 

            Покрај наведените посебни услови, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување, предвидени во чл.21 ст.1 од Законот за судска служба (Службен весник на РМ бр.43/14 и 198/18) и тоа:

            - да е државјанин на Република Северна Македонија,

            - активно да го користи македонскиот јазик

            - да е полнолетен

            - да има општа здравствена способност за работното место

            - со правосилна судска пресуда да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност

           

            Кандидатите поднесуваат пријава за вработување на судски службеник по пошта или преку архивата на судот на адреса ул:„Ленинова„ бр.34 Струмица со назнака до Комисија за избор на судски службеници за оглас бр.1/19 заедно со сите потребни документи во оригинал или заверен кај нотар.

            Пријавата може да се подигне во архивата на судот или Веб страната на судот (www.osstrumica.mkи мора да биде пополнета во целост, прецизно и со точни податоци.                 

           Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од понатамошна постапка.

            Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници „Нова Македонија„ и „Коха„.

            Кандидатите кои се уредно пријавени на јавниот оглас и кој ќе ја поминат административната селекција ќе полагаат испит.Базата на прашања за полагање на испитот може да се симне од Веб страната на судот.

            Со кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе се спроведе усно интервју.

            На интервјуто ќе учествуваат најмногу пет пати повеќе кандидати од бројот на работните места за кои се спроведува постапката за селекција за вработување, а кои биле најдобро рангирани.

            Времето и датумот на одржување на административната селекција, испитот и интервјуто се објавуваат на Веб страната на судот www.osstrumica.mk.

 

                                                                                    Претседател на

                                                                             Основен суд Струмица

                                                                                  Марина Абрашева

 

 

Преземете ја пријавата за вработување на судски службеници од следниот линк

Прашањата за вработување на судски службеници може да ги погледнете на следниот линк

 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_