Донесена одлука за предмет КС-КР 380/18 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Донесена одлука за предмет КС-КР 380/18

Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  |  09.10.2018
Одлука за предмет КС-КР 380/18

                                                                Кс-Кр.бр.380/18

 

            кривичниот совет при  Основен суд Струмица, составен од Судијата Цона Каламерникова како претседател на советот и членовите судии Борис Бержецки и Ратка Муканова, со записничарот Митра Алиќ, постапувајки по Предлогот на О ј. о. С. под Ко.бр. од --- година, за отповикување на условната осуда на осудениот Б С од с.Н К, изречена со правосилна Пресуда на Основен суд Струмица К.бр. од  година, на нејавна седница на ден 04.10.2018 година, го донесе следното:

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

            Предлогот на О ј о С под Ко.бр. од  година, за отповикување на условната осуда на осудениот Б С од с.НК, изречена со правосилна Пресуда на Основен суд Струмица К.бр. од  година, СЕ ОТФРЛА КАКО НЕДОЗВОЛЕН.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

            Основното јавно обвинителство во Струмица до овој суд поднесе Предлог под Ко.бр. од  година, за отповикување на условната осуда на осудениоБ С од с.Н К, изречена со правосилна Пресуда на Основен суд Струмица К.бр. од  година.

            Кривичниот совет, одлучувајки за дозволеноста на Предлогот, одржа седница на која изврши увид во Предлогот на ОЈО Струмица и списите на предметите К.бр. и К.бр., при што утврди:

            Предлогот за отповикување на условната осуда на осудениот Б С е недозволен заради следите причини:

            Со Пресуда на Основен суд Струмица под  К.бр. од  година, правосилна на ден 30.04.2015 година, Б С е огласен за виновен за кривично дело “Проневера во службата“ од чл.354 ст.5 в.в. со ст.2 и 1 од КЗ и му е изречена условна осуда на утврдена казна затвор од 2 години со време на проверување од 4 години. Рокот за проверување истекува на ден 30.04.2019 година.

            Со Пресуда на Основен суд Струмица, К.бр.280/18 од 25.08.2018 година, Б С е осуден за кривично дело “Криумчарење“ од чл.278ст.2 в.в. со ст.1, чл.19 и 22 од КЗ а кое кривично дело го сторил на ден  година односно во времето на траење на рокот на проверка на условната осуда од Пресудата К.бр.. Одтука, во конретниот случај воопшто не е спорно дека осудениот Б С, во времето на рокот за проверување на условна осуда, сторил ново кривично дело, што пак е законски основ за отповикување на условната осуда.

            Согласно ова, релевантно прашање е -  кога Ј о може да бара отповикување на условната осуда заради ново сторено кривично дело во времето на проверка на условната осуда.

             Одговорот на оваа прашање го дават законските одредби од чл.542 од ЗКП и одредбата од чл.51 од КЗ. Имено, чл.542 ст.1 од ЗКП пропишува: “Кога во условната осуда е определено дека казната ќе се изврши ако осудениот не ја врати имотната корист, не ја надомести штетата или не исполни други обврски, а осудениот во определениот рок не ги исполни тие обврски, судот што судел во прв степен ќе спроведе постапка за отповикување на условната осуда по предлог на овластениот тужител, а м оже и по службена должност“.  Понатамошните ставови 2 и 3  од истата одредба ја пропишуват самата постапка а ст.4 ги пропишува можните одлуки на судот по Предлогот.

            Посебна постапка за отповикување на условна осуда, освен за цитираниот законски основ на отповикување, ЗКП не пропишува. Причина за тоа е одредбата од чл.51 од КЗ, на која сега обвинителството го засновува предлогот. Имено, во оваа одредба ставот 1 пропишува облигаторно отповикување на условната  осуда кога за новото дело судот изрекол казна затвор во траење од 2 години и повеќе. Во ставовите пак 2, 3 и 4 се пропишани факултативните облици на отповикување на условна осуда, кога судот за новото дело изрекува казна затвор помала од две години или пак за новото дело изрекува исто така условна осуда и тогаш одлучува - ценејки ги сите околности опишани во чл.51 ст.2 од КЗ, дали условната осуда ќе ја отповика или не. Во секој случај, оваа одредба давајки ги правилата за одлучување, јасно упатува дека судечкиот совет или судијата поединец, кој одлучува во постапката за стореното кривично дело во време на рокот за проверка, по завршувањето на таа постапка носи одлука за отповикување на условната осуда и со примена на одредбите од чл.44 од КЗ, изрекува единствена казна за новото дело а казната од отповиканата условна осуда ја зема како утврдена.

            Одредбата од чл.51 ст.4 од КЗ го пропишува случајот кога судот кој суди за новото дело, не ја отповика условната осуда. Тогаш судот изрекува само условна осуда или казна за новото дело, но воопшто нема обврска во изреката на одлуката да наведе дека “условната осуда не се отповикува“. Тоа од проста причина што правилата за изрекување на единствена казна од чл.44 од КЗ нема основ да се применат и самиот закон подразбира дека условната осуда не е отповикана и со тоа судот практично одлучил по однос на остварениот законски основ за отповикување.

          Во конкретниот случај постои токму таа ситуацијата од чл.51 ст.4 од КЗ. Како што се чита од Пресудата К.бр.од  година, осуденот Б С е огласен за виновен за ново кривично дело сторено во рамките на времето на проверување и за тоа му е изречена казна затвор под две години односно 1 година и 6 месеци. Притоа судот не ја отповикал условната осуда изречена со Пресудата К.бр. од  година. Ниту ЗКП, ниту КЗ не пропишуваат дали судот морал или не, да има Предлог од Ј о за отповикувањето, но со оглед дека законскиот основ за отповикување и начинот на отповикувањето е пропишан во КЗ, односно во материјалниот закон, произлегува дека нема пречка и без предлог од ЈО, судот да ја отповика условната осуда (поготово што во случајот од чл.51 ст.1 од КЗ тоа мора да го стори).

            Во предметот К.бр. против осудениот С, Ј о како овластен тужител, ниту во обвинителниот предлог, ниту пак на главната расправа, не предложил отповикување на условна осуда. Исто така, во жалбена постапка, Ј о не ја обжалил одлуката во смисла на чл.51 ст.2 од ЗКП, односно не сметал дека постоеле околностите од оваа одредба заради кој првостепениот суд требало да ја отповика условната осуда, така што второстепениот суд одлучувајки по жалбата немал ниту законска можност, заради забраната од чл.428 од ЗКП, да ја преиспитува првостепената пресуда во тој дел.

            Согласно сето наведено, произлегува дека со донесувањето на одлуката на А с Ш Кж.бр. од -- година, со која само е преиначена одлуката на О с С во делот на казната за кривичното дело “Криумчарење“ за кое С е огласен за виновен, веќе правосилно е одлучено дека со тоа ново кривично дело сторено во времето на проверување, судот користејки го правото на факултативно отповикување на условна осуда, одлучил условната осуда по пресудата К.бр. од  да не биде отповикана. Двата суда, го уважиле предлогот на ЈО даден на расправата,  и сторувањето на новото дело во рамките на рокот на проверка, го ценеле како отежителна околност при одлучувањето за казната.

            Од наведените причини, како одредбите од ЗКП не дозволуваат водење на посебна постапка за отповикување на условна осуда при исполнет законски основ - сторено ново кривично дело во рокот за проверка а КЗ пак содржи јасна одредба дека за отповикувањето на условната осуда по овој законски основ, се одлучува со Пресудата со која обвинетиот се огласува за виновен за новото кривично дело, при што казната од условната осуда ја зема за утврдена, произлегува дека заради постоење на res judicata, Предлогот на ј о за отповикување на условната осуда на осудениот Б. С., после правосилоста на пресудата К.бр. е недозволен заради што К с одлучи да биде отфрлен.        

            К с го ценеше и наводот на ЈО во Предлогот, судот да го изврши отповикувањето на основа чл.54 ст.1 од КЗ, при што утврди дека ваквиотнавод  сосема е неоснован од причина што оваа одредба го регулира само рокот во кој е дозволено отповикувањето на условната осуда. Притоа е регулирана и ситуацијата кога на обвинетиот му се суди за новото дело после истекот на рокот за проверка, но се утврдило дека тоа ново дело тој го сторил претходно, додека траел тој рок на проверка. Цитираната одредба од чл.54 ст.1 од КЗ, е сосема во согласност со веќе анализираната одредба од чл.51 од КЗ, и само  пропишува судечкиот совет или судијата поединец, кога одлучува дали ќе ја отповика условната осуда заради новото дело за кое му се суди на обвинетиот, да води сметка за роковите наведени во одредбата.

            Од Кривичниот совет на Основен суд Струмица, под Кс-кр.бр.380/18.

 

            Записничар,                                   Претседател на Кривичен совет,

         Митра Алиќ с.р.                                                        С у д и ј а,

                                                                                    Цона Каламерникова с.р.

                                                                                   

            ПОУКА: Незадоволната странка од оваа Решение има право на жалба во рок од 3 дена сметано од денот на приемот на истото, преку овој до Апелациониот суд Штип.

 

Да се достави до:

- ОЈО С

- осудениот Б С

- бранителот

-кон списите

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_