Одлука за избор по јавен оглас бр. 2/22 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор по јавен оглас бр. 2/22

News, Press realeses  |  Apr 20, 2023
Одлука за избор по јавен оглас бр. 2/22

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД СТРУМИЦА

04-Су.бр.47/22-17

20.04.2023 година

 

Претседателот на Основен суд Струмица, Емил Глигоров, врз основа на чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/16, 198/18, 248/18 и 235/22) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.2/22 на Основен суд Струмица, за вработување на судски службеник и доставениот Предлог на кандидат за вработување на Комисијата за вработување на судски службеници, под 04-Су.бр.47/22-16 од 19.04.2023 година, за работно место судски соработник, категорија В, ниво В3 – 1 извршител, на ден 20.04.2023 година ја донесе следната:

 

О Д Л У К А

 

 

Кандидатот Ангела Трајковска од Струмица со шифра 01-ЈО 2/22, се избира да биде вработена во Основен суд Струмица, на неопределено работно време, на работно место судски соработник.

 

По правосилноста на оваа одлука ќе се донесе решение за вработување на избраниот кандидат.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Од страна на Основен суд Струмица во дневните весници „Нова Македонија„ и Коха„ од 23.12.2022 година објавен е Јавен оглас бр.2/22 за вработување на неопределено работно време на судски службеник, судски соработник, категорија В, ниво В3 – 1 (еден )извршител.

По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за избор на судски службеници, согласно Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административна та селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервју, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РМ.236/18 од 24.12.2018 година), до Претседателот на судот достави Предлог кандидат за вработување под 04-Су.бр.47/22-16 од 19.04.2023 година и со истиот го предложи кандидатот Ангела Трајковска да биде вработен во Основен суд Струмица на работно место судски соработник.

Врз основа на доставените акти од спроведената постапка и предлогот на кандидат за вработување, следуваше да се донесе одлуката како во изреката.

 

Од Основен суд Струмица на ден 20.04.2023 година.

 

 

Претседател на

Основен суд Струмица

Емил Глигоров

 

 

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба преку овој суд до Советот на судска служба, во рок од 8 дена од приемот на одлуката за избор.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_