Одлука за унапредување во Виш судски референт [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за унапредување во Виш судски референт

News, Press realeses  |  Dec 29, 2021
Одлука за унапредување во Виш судски референт

          Судскиот администратор на Основен суд Струмица , Владо Јанев, врз основа на чл.43 од Законот за судска служба а во врска со објавениот интерен оглас бр.1/21 за унапредување на судскиот службеник , денес 29.12.2021 година , ја донесе следната :

 

 

 

                                                 О Д Л У К А

                                       за избор за унапредување

 

 

 

          За работно место од категорија Г-2 - Виш судски референт по објавениот интерен оглас бр.1/21 се избираат кандидатите - Ванѓа Ристовска, Каролина Добриниќ и Синхана Панделиева.

          Решение за унапредување ќе се донесе по правосилноста на оваа одлука.

 

 

                                      О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

 

          На ден 22.12.2021 година беше објавен интерен оглас за унапредување на службеници .

          Беше формирана Комисија за селекција за унапредување која спроведе постапка согласно Законот за судска служба и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бираање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас .

          По спроведената постапка Комисијата до судскиот администратор достави предлог на кандидите за унапредување со кој ги предлагаат Ванѓа Ристовска, Каролина Добриниќ и Синхана Панделиева.

          Постапувајќи по предлогот на комисијата, судскиот администратор ги избра предложените кандидати.

 

 

 

 

 

          Поради наведеното, согласно чл. 43 од Законот за судска служба се одлучи како во изреката на одлуката.

 

                                                        

                                                           Судски администратор

                                                       на Основен суд Струмица

                                                                 Владо Јанев

         

 

 

          ПОУКА: Против  оваа одлука незадоволниот судски службеник има право на жалба преку овој суд до Советот на судска служба во рок од 8 дена од денот на приемот на писменото известување за извршениот избор .

   


Decision search

Court
Case number
Date
_