Статистика
ActionsСтатистика
Основен суд Свети Николе почнувајќи од 2010 година, па натаму, секоја година го намалува бројот на останати нерешени предмети сметано на крајот на секоја година. Со тоа секоја година е совладан приливот на предметите и се остваруваат предвидените норми за број на решени предмети за судиите со мали исклучоци.
Во 2020, 2021 и 2022 година, поради заминување на 2 дактилографки, 2 уписничари и 1 доставувач во пензија и заминување на 2 стручен соработници од судот во други ангажмани, како и поради корона кризата судот неможеше да го совлада приливот на нови предмети и малку се зголеми остатокот на нерешени предмети.
Но, сепак со остварувањето на потребните вработувања во втората половина на 2022 година, судот е на добар пат повторно да го намали остатокот на нерешени предмети и да го сведе на минимум.
Горенаведеното може да се види во следната табела:
Година | Број на остаток на нерешени предмети на крај на секоја година |
2010 | 1283 |
2011 | 1086 |
2012 | 817 |
2013 | 749 |
2014 | 666 |
2015 | 449 |
2016 | 404 |
2017 | 386 |
2018 | 376 |
2019 | 364 |
2020 | 360 |
2021 | 923 |
2022 | 857 |
2023 | 694 |