Најчесто поставувани прашања
ActionsНајчесто поставувани прашања
1. Кои документи се потребни за оставинска постапка Одговор
Почитувани, За поведување на оставинска постапка потребна е смртовница, имотен лист и други докази за сопственост недвижен или подвижен имот на починатото лице.
2. Дали може да платам судска такса со платежна картичка ? Одговор
Судот не располага со POS терминал и од таа причина не е можно да платите со платежна картичка.
3. Сакам да заверам диплома со апостил печат. Дипломата ми е издадена од Меѓународен Славјански Универзитет од Свети Николе, а јас сум роден и живеам во Скопје. Дали може да ја заверам во Основен Граѓански суд Скопје за да не правам трошоци за патување или мора да го заверам во Основен суд Свети Николе? Одговор
Според законот, Основниот суд Свети Николе е единствениот надлежен суд за заверување на документи со апостил печат на територијата на општина Свети Николе и општина Лозово. А бидејќи Меѓународен Славјански Универзитет од Свети Николе се наоѓа на територијата на општина Свети Николе односно на територијата која ја покрива Основен суд Свети Николе, дипломата издадена од таа институција може да ја завери со апостил печат само Основен суд Свети Николе.
4. Јас имам граѓански предмет во вашиот суд за работни односи. Адвокатот не ми кажува ништо за текот на предметот, само ми вели да не се грижам. Дури не си го знам ни бројот на предметот. Дали може некако да ме информирате кој е мојот предмет, кога има судење и дали може да го сменам адвокатот. Одговор
Слободно може да дојдете во судот и да го побарате граѓанскиот уписничар кој ќе ви каже кој број го има вашиот предмет, за кога има закажано судење и друго кое со закон е дозволено да го знаете. Доколку не сте задоволни од работата на адвокатот може да му го откажете полномошното и да најдете друг адвокат или во некои случаи може да се застапувате сами.
5. На мене ми треба уверение за неосудуваност заради вработување. Јас живеам во Свети Николе по лична карта, ама роден сум во Штип. Од кој суд да барам уверение за неосудуваност. Одговор
Уверението за неосудуваност се издава по место на раѓање. Па така вие треба да барате уверение за неосудуваност од Основен суд Штип.